Ана го преживеа пожарот во Кочани: „Викав - Помош, спасете ме, ве молам, немам воздух“

„Извикувам: - Помош спасете ме! Ве молам! Немам воздух! Само очај во моите очи имаше - ОЧАЈ!“, вели Ана Карова, девојка која го преживеа страшниот пожар во Кочани, но ги изгуби пријателите таму. Потоа, се огласи и нејзината мајка Анета: „Пристигнавме таму и тоа само затоа што Ана успеа да ни се јави, со натчовечки напори се борела да дојде до телефонот...“

ana-go-prezhivea-pozharot-vo-kochani-vikav-pomosh-spasete-me-ve-molam-nemam-vozduh-01.jpg фото: Фејсбук (лево Ана, десно нејзината другарка Сара, која го изгуби животот во пожарот)

Ана Карова е девојка која го преживеа страшниот пожар во Кочани, но, за жал, ја изгуби својата другарка Сара, како и уште многу голем број свои пријатели и познаници.

Таа на својот Фејсбук профил проговори за тоа каква страшна ноќ била тоа и се пожали од чиј однос била разочарана, конкретно од една припадничка на полицијата од која побарала помош.

Се разбира ова не се однесува на целата полиција, каде има луѓе со големо и херојско срце, подготвени да го жртвуваат својот живот за да спасат друг, туку само на исклучоци од неа.

Oбјавата на Ана од Фејсбук гласи:

„Каде ли живееме народе?

Каде се луѓето кои треба да се ГРИЖАТ за нас? Луѓе кои се зарекле дека ќе помагаат, ќе спасуваат, ќе се жртвуваат?! Каде беа тие кога ние се боревме за живот? Немо стоеа и нѐ гледаа…

Извикувам:
- Помош спасете ме! Ве молам! Немам воздух!

А личноста која го носи називот ПОЛИЦАЕЦ ме фаќа за рака и ми вели:
- Не бива!

Се потргнува и нѐ гледа. Само очај во моите очи имаше ОЧАЈ!

СРАМОТА Е ЛУЃЕ! Сите сме деца! Сите се боревме за живот! Само Бог нѐ чуваше во тој кобен момент.

Каде ќе ви оди душата бре луѓе?!! КАДЕЕЕ?!! ЖИВИ ГОРЕВМЕ!!!!! Не знаевме зошто, како, зошто ние баш да страдаме за гревовите ВАШИ?

Не заслуживме ние вака… мислевме дека ќе се грижите за нас!

Од ова ги исклучувам на прсти изброените полицајци кои помагаа“.

Потоа, се огласи и нејзината мајка Анета Карова:

„И мојата ќерка Ана Карова ќе посведочи и ќе ја посочи (препознае) полицајката која очајно ја молела да ѝ помогне, а таа само ѝ ги фатила прстите и ѝ рекла „не бива“ и застанала на страна и само гледала како сите повикуваат помош и се борат за да дојдат до воздух и здив.

Нечовечки е да знаеш дека можеш да помогнеш, а да стоиш настрана затоа што тоа тебе не ти се случува.

Нечовечки е да држиш папка под пазувата и стоиш настрана, а си полицаец и имаш должност, морално прво како човек со тронка совест, а потоа и службена должност.

Имам длабока дупка на очај во душата и срцето, очај и беспомошност.

Оставија ситуација „Помогни си сам“, закаснета прва помош реакција, КАДЕ СЕ ОБУЧЕНИТЕ ЛУЃЕ ЗА ВАКВИ СИТУАЦИИ? КАДЕ СТЕЕЕ? КАДЕ БЕВТЕ?

Кога пристигнавме и тоа само затоа што Ана успеа да ни се јави, со натчовечки напори се борела да дојде до телефонот, веќе имаше полиција.

Како не беа повикани сите полицајци сега?

ГОСПОДЕ чувај ни ги децата, а тие што тргнаа кај тебе Господе чувај ги блиску до тебе, најблиску, тоа се деца наши златни, ангели“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Снеже Велков влезе во море среде зима – се загрева со оро, водата е „кочан ладна“ (видео) „Ладно е кочан, но зборот е одржан – победа на умот и предрасудите“ – напиша Сне...
Диџеј Мац доби син - со сопругата му дадоа име со силно значење Со сопругата Татјана, диџеј Мац ги живее најсреќните мигови – се реализираа во у...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg