Водителот Роберт Јанков: „Преку глава од црно-бели екрани, од погреби во живо, од денови на жалост, од лица без радост“
- Детали
- четврток, 20 март 2025
„Преку глава од музика што молчи, од болест што нѐ толчи. Преку глава од нечиј скршен сон, од семејства без дом, од тебе и мене, и ова проклето време...“, си го отвори срцето Роберт Јанков и буквално сподели како сите се чувствуваме.
Водителот Роберт Јанков сподели стихови кои вели дека ги напишал пред неколку години, но сега одново силно ги чувствува, па одлучил повторно да ги сподели на својот Фејсбук профил.
Тој вели дека буквално му е преку глава од сите трагедии кои Македонија ги живее одново и одново.
Роберт Јанков напиша:
„Ја напишав пред некоја година, причина беше нешто слично што ни се случи во државата. Па, да потсетам...
Преку глава
од црно-бели екрани,
од вжештени глави,
од погреби во живо,
од луѓе без милост.
Преку глава
од денови на жалост,
од лица без радост,
од музика што молчи,
од болест што нѐ толчи.
Преку глава
од неука багра,
од хиени желни слава,
од стравот да се праша,
од наивноста наша.
Преку глава
од нечиј скршен сон,
од семејства без дом,
од тебе и мене,
и ова проклето време“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





