„Одиме да се венчаме“ – Чак Бас од реалноста во луксузен приватен авион со прекрасната избраничка и нејзиниот син
- Детали
- петок, 23 август 2024
Заводникот од Gossip Girl, Ед Вествик и неговата прекрасна избраничка, објавија фотки од дружбата на летот со луксузниот приватен авион, со кој отпатуваа до Амалфи, каде наскоро ќе направат бајковита свадба.
Во јануари 2024, Ед Вествик, познат како заводникот Чак Бас од Gossip Girl, ѝ приреди прекрасно запросување на саканата.
Тој покрај себе ја има една од најубавите жени на светот, Ејми Џексон, со која во текот на наредните денови се очекува да направи бајковита свадба во Амалфи, Италија.
Парот на Инстаграм објави серија фотки од нивното патување дотаму и напишаа „Одиме да се венчаме, бејби“.
Ед и Ејми, заедно со нејзиниот син и целото семејство и блиски, одлетаа до Амалфи со приватен, луксузен авион, каде очигледно добро се забавувале по пат.
На фотките тие изгледаат лудо вљубено, се бакнуваат и не се двојат еден од друг, но се дружат и со синот на Ејми.
Семејството ужива во летот со вкусни јадења и пијалаци, а невестата носи впечатливи светкави обетки со натпис „BRIDE“ (невеста).
По пристигнувањето, тие направиле мала прослава, на која Ејми е облечена во бело, а младоженецот е во покежуал издание со панталони и кошула.
Повеќе фотки од патувањето и малата прослава во Амалфи:
М. М. | Црнобело