Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник
- Детали
- понеделник, 22 јули 2024
Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ преку весник, како што налага законот во Калифорнија. Извори блиски до Џоли велат дека одлуката е само на Шајло, додека оние блиски до Бред се сигурни дека Шајло е под контрола на мајка ѝ.
По гласините дека планира да живее со татко ѝ откако ќе наполни 18 години, Шајло, биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли, сепак не ѝ го сврте грбот на мајка си.
Во мај Шајло наполни 18 години, а периодот околу роденденот имаше шпекулации дека Џоли била разочарана бидејќи ѝ свртела грб.
Некои извори тврдеа дека Шајло планира да живее со татко ѝ и да му даде поддршка среде судската битка на актерите.
Но, неодамна се дозна дека Шајло ќе го следи примерот на сестра ѝ Захара и ќе се откаже од презимето Пит.
18-годишната Шајло преку весник објави дека се откажува презимето, како што налага законот во Калифорнија.
Според објавата во весникот LA Times, таа го менува презимето од Џоли-Пит во Џоли.
Шајло поднела барање за промена на презимето на денот кога наполнила 18 години, а наводно самата платила адвокат и мајка ѝ Анџелина немала никакво влијание врз нејзината одлука.
Сепак, извори блиски до Бред Пит велат дека Џоли има огромна улога.
„Разумните луѓе треба сами да донесуваат заклучоци за тоа кој навистина стои зад одлуката на Шајло“, откриваат за Page Six.
Бред Пит бил свесен за барањето на Шајло уште пред да го објави во весник и наводно бил разочаран.
„Беше премногу среќен кога се роди. Отсекогаш сакаше ќерка.
Не му е лесно што ги изгуби децата. Ги сака и му недостасуваат. Многу е тажно“, додаваат изворите.
Покрај Захара, и Вивиен откри дека планира да го тргне презимето на татко ѝ кога ќе наполни 18 години. Всушност, веќе не го ни користела, освен во документи.
Во меѓувреме, изворите блиски до Бред ПИт додаваат дека Џоли ги користи децата за да му се одмазди.
„Многу е тажно. Џоли ги користи децата како оружје против Бред…
Го оддели од нив. Има и шема – секојпат кога Бред ќе добие на суд, таа го напаѓа со нешто поврзано со децата“, тврдат изворите.
Џоли и Пит се разведоа во 2019 година, но уште водат судска битка за нивната винарија, како и старателството над малолетните деца.
Спирова С. | Црнобело