Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните родители
- Детали
- сабота, 06 јули 2024
Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко им, и тоа речиси веднаш откако наполнија 18 години. Но, кои други деца на славните се откажаа од презимето на родителите?
Изминативе година-две, децата на некои од најпознатите личности на планетата решија да се откажат од презимето на славните родители.
А, ова не е ништо ново во светот на шоу-бизнисот.
Некои поради влошен однос, а некои бидејќи не сакаат да бидат поврзувани со славното семејство, има бројни деца на ѕвезди кои се откажуваат од презимето на родителите.
Дел од нив во продолжение:
Сури Круз сега е Сури Ноел
Ќерката на Кејти Холмс и Том Круз како едвај да го чекаше 18-тиот роденден за да се ослободи од презимето на татко ѝ.
Сега таа го носи презимето Ноел.
Нејзините родители се разведоа во 2012 година, а Сури нема никаков контакт со татко ѝ со години.
Шајло го тргна презимето Пит
Слично како Сури, и Шајло го промени презимето веднаш откако наполни 18 години.
Наводно, младата девојка самата ги покрила трошоците за промената и наместо Џоли Пит, сега го носи само презимето на мајка ѝ - Џоли.
И Захара го тргне презимето Пит
Најстарата ќерка на Анџелина и Бред го промени презимето кон крајот на 2023 година.
Како нејзините браќа и сестри, и таа ги носеше презимињата на двајцата актери, но сега официјалното име ѝ е Захара Марли Џоли.
И Вивиен го тргна презимето Пит
Вкупно три од шесте деца на Џоли и Пит се откажа од презимето на татко им.
Како сестра ѝ Шајло, и Вивиен годинава го промени презимето во Џоли.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





