Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните родители
Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ
Анџелина Џоли има комплициран однос со татко ѝ Џон Војт, а самата избегнува да зборува на оваа тема.
Во периодот кога не беа во контакт, актерката го тргна презимето на татко ѝ.
Џоли е всушност нејзиното средно име (нешто што е често во САД), па сега го користи наместо презиме.
Малија Обама сега е Малија Ан
Иако ќерката на Барак и Мишел Обама е во добар однос со родителите, таа реши да го смени презимето поради нејзината кариера.
Таа пробува да се пробие во филмската индустрија како режисер и за таа цел го користи презимето Ан, наместо Обама.
Николас Копола во Николас Кејџ
Бидејќи го промени презимето, ретко кој знае дека Николас Кејџ потекнува од едно од најмоќните семејства во Холивуд – Копола.
Актерот не сакал да го поврзуваат со другите членови од семејството кои се дел од филмската индустрија и, очигледно, успеал во тоа.
Трансродовата ќерка на Илон Маск ги промени и името и презимето
Родена како Александер Маск, во 2022-та, кога наполни 18 години, трансродовата ќерка на Илон Маск си го промени родот, како и презимето.
Сега нејзиното официјално име е Вивијан Џена Вилсон.
Таа не е во добар однос со татко ѝ и не сака да има никаква поврзаност со него, па затоа сега го носи презимето на мајка ѝ.
Спирова С. | Црнобело