Родителите на Бред Пит скршени од болка бидејќи не ги гледаат внуците: „Поминаа 8 години“

„Имаат над 80 години и не им се верува дека можеби никогаш повеќе нема да си ги видат внуците“, вели извор близок до Бред Пит за неговите родители.

roditelite-na-bred-pit-skrsheni-od-bolka-bidejkji-ne-gi-gledaat-vnucite-tazhni-se-za-razdelbata-01.jpg

Разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли резултираше и со жестока битка за старателство и актерот веќе осум години нема скоро никаков контакт со децата.

60-годишниот актер се оддалечи од трите биолошки и трите посвоени деца по инцидентот во приватен авион кој ја „прелил чашата“ за Џоли.

roditelite-na-bred-pit-skrsheni-od-bolka-bidejkji-ne-gi-gledaat-vnucite-tazhni-se-za-razdelbata-10.JPG

На Бред Пит воопшто не му било сеедно што не ги гледа децата, а според извори блиски до актерот, уште поскрешни од болка биле неговите родители.

Вилијам и Џејн Пит стравувале дека никогаш повеќе нема да си ги видат внуците.

„Родителите на Бред Пит ги немаат видено нивните сакани внуци околу осум години, среде разводот и судската битка помеѓу Бред и Анџелина.

Пред нивната разделба, внуците беа важен дел од животот на Вилијам и Џејн и тие минуваа многу време заедно. Им се крши срцето што сега работите се променети.

Едно е што децата не го гледаат татко им, но тажно е што Џејн и Вилијам немаат контакт со саканите внуци.

Имаат над 80 години и не им се верува дека можеби никогаш повеќе нема да ги видат“, вели изворот за Daily Mail.

roditelite-na-bred-pit-skrsheni-od-bolka-bidejkji-ne-gi-gledaat-vnucite-tazhni-se-za-razdelbata-06.JPG

Последен пат, родителите на актерот беа фотографирани со внуците во 2014 година, на премиера на филм на Џоли.

На настанот, родителите на актерот имаа само добри зборови за тогашната снаа.

„Многу сме горди на Енџи. Ова е многу важно за нашето семејство, особено нашите внуци, многу ја сакаме“.

roditelite-na-bred-pit-skrsheni-od-bolka-bidejkji-ne-gi-gledaat-vnucite-tazhni-se-za-razdelbata-05.JPG

Пред разделбата и Џоли во неколку наврати имаше споделено комплименти за нив.

„Кога првпат ги запознав, имав посвоено две деца од други земји и не знаев како ќе реагираат.

Но, и двајцата ги сакаат како свои родени внуци“.

roditelite-na-bred-pit-skrsheni-od-bolka-bidejkji-ne-gi-gledaat-vnucite-tazhni-se-za-razdelbata-03.JPG

Во меѓувреме, некои ја обвинуваат Џоли дека намерно ги оддалечува децата од Бред и пробува да им го претстави како ужасна личност.

Некои одат дотаму што велат дека Џоли ги користи децата за да му се одмаздува на Бред.

На пример, актерот самиот мислел дека Џоли го зела син им Нокс на премиера само да за да го разгневи.

roditelite-na-bred-pit-skrsheni-od-bolka-bidejkji-ne-gi-gledaat-vnucite-tazhni-se-za-razdelbata-11.JPG

Додека бабата и дедото се жалат за внуците, Џоли реши да даде ретка изјава за мајчинството.

Во интервју за Good Morning America, таа вели дека децата се нејзина најголема љубов.

„Тие се мојата среќа. Можете да ми земете сè друго, нема да ми биде важно“.

roditelite-na-bred-pit-skrsheni-od-bolka-bidejkji-ne-gi-gledaat-vnucite-tazhni-se-za-razdelbata-09.JPG

Таа сподели и дека ниту едно од децата не сака да биде пред камера и сите се многу приватни личности.

„Откако се родени, немале приватност. Па, се надевам дека ќе ја добијат, како што растат“.

roditelite-na-bred-pit-skrsheni-od-bolka-bidejkji-ne-gi-gledaat-vnucite-tazhni-se-za-razdelbata-12.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg