Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина
- Детали
- среда, 14 август 2024
„Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар“, вели Џорџ Клуни, кој заедно со Бред Пит е на насловната страница на магазинот за мажи, GQ.
Холивудските легенди Џорџ Клуни (63) и Бред Пит (60) се на насловната страница на најпопуларното лајфстајл списание за мажи GQ.
Фотографиите со кои воодушевија многумина, се направени во Франција, во вилата во која Бред и Анџелина се венчаа во август 2014 година, а за која веќе неколку години се тужат еден со друг.
Актерите позираат во дворот на имотот, во и околу базенот, но и во една од спалните соби, каде што во полулежечка положба во креветот опуштено пијат кафе.
Оваа фотографија веднаш стана вирална, а фановите на двајцата актери коментираат дека иако и Џорџ и Бред веќе се во седмата деценија, изгледаат поубаво од кога и да било порано и дека се вистински синоним за луѓе кои стареат како виното - колку се повозрасни, толку се попривлечни.
Вилата со винарија, во која е направена фотосесијата за реномираното списание, Бред и Анџелина ја купија во 2011 година, а три години потоа и се венчаа на ова место, во присуство на сите нивни деца.
Но, откако Анџелина поднесе барање за развод, таа најде купувач за својот дел од винаријата и го продаде во 2021 година.
По ова, Пит ја тужеше Џоли и правната битка за сопственоста на винаријата трае и денес.
Од друга страна, Џорџ и неговата сопруга Амал, толку многу се заљубиле овој регион во Франција, што и самите пред околу 3 години купиле куќа во непосредна близина на вилата на Бред.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





