Бред Пит и Џорџ Клуни на вечера со саканите жени во Венеција – моќно пријателско дуо, без љубомората на Анџелина
- Детали
- понеделник, 02 септември 2024
Пријателското дуо Џорџ Клуни и Бред Пит се атракција во Венеција со секое нивно појавување, а викендов тие се дружеа на вечера заедно со понежните половини, Амал и Инес де Рамон - пријателите повторно блеснаа по долги години, откако во минатото Анџелина ги оддалечи.
Викендов Бред Пит и Џорџ Клуни се во Венеција по повод премиера на нивниот заеднички филм Wolfs, a секое нивно појавување е моќно и проследено со папараци, фанови, автограми.
Откако Бред изненади кога пристигна во Венеција со неговата девојка Инес де Рамон, парот вечерта беше забележан на брод заедно со Џорџ и Амал Клуни.
Папарацо фотографите ги уловиле двата пара додека се упатуваат кон ресторан за заедничка вечера, сите дотерани и насмеани.
Изгледа најдобрите пријатели и колеги конечно имаат можност за безгрижни дружби во пар, со оглед на тоа што во минатото, наводно Анџелина ги оддалечи.
Се верува дека на Џоли не ѝ се допаѓало вниманието што Амал го добива во јавноста, а постојат гласини дека била љубоморна затоа што таа ја засенува со нејзиниот публицитет.
Филмското дуо, Клуни и Пит, во неделата ја имаше својата премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, каде добија 4-минутни овации, а беа снимени како се прегрнуваат и танцуваат.
Тие имаа неколку појавувања во Венеција викендов, а на секое од нив беа главна атракција.
Погледнете повеќе фотки:
М. М. | Црнобело