Живот живеат: Џорџ и Амал Клуни уживаат во Сен Тропе, фатени за рака и лудо вљубени (фото)
- Детали
- четврток, 19 декември 2024
Амал блеска покрај саканиот Џорџ, облечена во тексас шорцеви, а тој не ја испушта од рака и гордо шета со неа - и покрај сите обврски, Амал и Џорџ секогаш ја негуваат љубовта и наоѓаат време за романтични патувања низ Европа.
Џорџ и Амал Клуни периодов се на одмор во Сен Тропе - во пресрет на божиќните празници тие се одлучија за потопла дестинација.
Парот беше уловен од папараци додека шетаат фатени за рака, упатувајќи се кон ресторан за романтичен ручек.
Амал, како и секогаш, блеска покрај саканиот, облечена во кратки тексас шорцеви и маица со чипка.
Комбинацијата ја дополнила со Chloe чанта од околу 2.500 eвра, големи очила за сонце и впечатлив златен накит.
Актерот пак, гордо ја држи својата сопруга за рака, цврсто и не ја испушта од себе, додека е насмеан од уво до уво.
Тие се во брак 10 години, а имаат две деца, 7-годишните близнаци Ела и Александар кои уште умешно ги кријат од јавноста.
И покрај работните ангажмани и семејните обврски, Џорџ и Амал никогаш не забораваат да си посветат време на љубовта и да заминат на романтично патување или ручек/вечера.
Дали тоа ќе биде во вилата на Џорџ на Езерото Комо, или на имотот кој го има на југот од Франција, тие уживаат во животот во секој момент и ја негуваат љубовта за успешен брак.
Повеќе фотки од парот во Сен Тропе:
М. М. | Црнобело