Бред Пит дојде во Венеција со 26 години помладата девојка, избегната средба со Анџелина Џоли

Пит (60) во Венеција дојде со девојката Инес де Рамон (34), со која е во врска околу 2 години - актерот делува среќен и задоволно се смешка.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-09.jpg

Бред Пит и Анџелина Џоли веќе неколку недели се главна тема во светските медиуми, откако беше најавено дека и едниот и другиот ќе ги промовираат своите нови филмови на фестивалот во Венеција.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-07.jpg

И иако јавноста беше во исчекување на средбата меѓу сопружниците кои и по 8 години од разделбата не се разведени, сепак, Бред и Анџелина на се сретнаа.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-05.jpg

Пит (60) во Венеција дојде со девојката Инес де Рамон (34), со која е во врска околу 2 години.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-03.jpg

На фотографиите, актерот делува среќен и задоволно се смешка, па кога со Инес се качуваат во бротче (водно такси), тој ја придржува за раката, а во текот на возењето ја прегрнува.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-04.jpg

Бред во Венеција го промовира својот нов филм Wolfs, во кој глуми покрај Џорџ Клуни.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-06.jpg

Само 2 дена пред него, во Венеција беше Џоли, која дојде за премиерата на филмот Maria, посветен на оперската дива Марија Калас.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-10.jpg

Според светските медиуми, организаторите на Филмскиот фестивал се помачиле да ги договорат Пит и Џоли да дојдат во Венеција.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-08.jpg

И иако првично се шпекулираше дека нивните филмови ќе имаат премиера еден по друг, за да избегнат непријатности и несакани инциденти, тие наводно решиле Бред да пристигне во Венеција дури откако Џоли ќе си замине.

bred-pit-dojde-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka-izbegna-sredba-so-andjelina-djoli-02.jpg

Прочитајте и Анџелина Џоли издоминира во Венеција, но загрижи со изгледот - преслаби раце и екстремно изразени вени

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg