Анџелина Џоли издоминира во Венеција, но загрижи со изгледот - преслаби раце и екстремно изразени вени
- Детали
- петок, 30 август 2024
Анџелина Џоли се појави на Филмскиот фестивал во Венеција во гламурозно издание - носеше крем тоалета коja ја следи линијата на телото и наметка од крзно со златен брош, но поради преслабиот изглед повторно поттикна дебата дали е булимична.
Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли вчеравечер (29.08) во Венеција го промовираше својот нов филм „Maria“, посветен на животот на легендарната оперска певица Марија Калас.
Доаѓањето на Џоли на Филмскиот фестивал во Венеција предизвика внимание уште пред неколку месеци, кога беше најавено дека ќе се сретне со Бред Пит, кој исто така, ќе промовира свој филм на фестивалот.
Но, драмата во јавноста престана кога организаторите открија дека двајцата актери, кои и по 8 години не се разведени, нема да се сретнат на фестивалот.
Анџелина пристигна во Венеција со брод, утрото пред премиерата на филмот и пред хотелот Excelsior се појави во долг, набран кафен фустан, поради што не дојде до израз колку е слаба.
Неколку часа подоцна, таа се прошета на црвениот килим во Венеција, во гламурозно издание - Џоли носеше крем тоалета со набори која ја следи линијата на телото, а потоа се шири во долниот дел во вид на сирена, креација на австралиската дизајнерка Тамара Ралф.
Таа изгледот го дополни со златен накит и наметка од крзно со златен брош во вид на цвет.
И покрај тоа што издоминира со стилот, Анџелина ги загрижи фановите со својот изглед - екстремно изразените вени на преслабите раце повторно поттикнаа дебата дали актерката е булимична, нешто што се зборуваше и во минатото.
Пред премиерата на филмот, Џоли на црвениот тепих се сретна со маж кој беше донесен во болничка носилка и помина неколку минути во разговор со него, а потоа позираше со актерите од филмот, но одговараше и на новинарски прашања.
Па, запрашана каква музика слуша, имајќи предвид дека во филмот ја глуми оперската дива Калас, Џоли, навидум ги спомна и тешките моменти кои ги преживеала или и сега ги преживува поради разделбата со Пит.
„Како помлада многу ги слушав The Clash и мислам дека, ако бев истата личност од порано, ќе ги слушав и денес.
Но, кога ќе почувствуваш одредено ниво на очај, болка или љубов, во одреден момент постојат само некои звуци кои може да му парираат на тоа чувство, а за мене, таквите звуци, таа музика, стана операта“, рече Џоли.
По прикажувањето на филмот, Џоли беше поздравена со неколкуминутен аплауз и силни овации во салата.
Погледнете ги фотографиите и видеа од црвениот тепих во Венеција:
А. Ј. | Црнобело