Анџелина Џоли најмила убиец во младоста за да ја убие: „Тој ме премисли – ме натера да сфатам дека треба да живеам“
- Детали
- петок, 02 август 2024
„Беше навистина учтив и ми рече да размислам убаво па да го побарам по два месеца. Тогаш нешто во мојот живот се промени и помислив дека треба да живеам“, има изјавено Анџелина Џоли која на 22-годишна возраст најмила платен убиец за да ја убие.
Проблематичното минато на Анџелина Џоли не е тајна – бурниот брак со Били Боб Торнтон и бизарниот бакнеж со брат ѝ на доделувањето на Оскарите во 2000 година се само мал дел од нејзините скандали.
Но, знаевте ли дека во нејзините 20-ти, актерката најмила платен убиец за да ја убие бидејќи имала проблеми со менталното здравје?
Џоли во неколку пригоди има изјавено дека имала суицидни мисли.
„Ова ќе звучи лудо, но планирав да најмам некој да ме убие“, изјави во интервју од раните 2000-ти.
Актерката рече дека за нејзините сакани би било полесно да биде убиена, отколку самата да си го одземе животот.
Подоцна таа изјави и дека не било така тешко да се најде платен убиец.
„Не е тешко да ги најдете во Њујорк. Можеби звучи лудо, но мислам дека многу луѓе помислуваат на самоубиство кога се млади.
Бев свесна дека луѓето околу мене, како мајка ми, ќе мислат дека не се потрудиле доволно за мене ако сама си го одземев животот.
Па, моето решение беше некој друг да ме убие – на пример, во обид за грабеж. Тогаш ќе биде убиство и никој (од саканите) нема да мисли дека е виновен“.
Таа дури и планирала постепено да му праќа пари на убиецот, за да не стане сомнително ако наеднаш му прати поголема сума.
И, Џоли успеала да најде убиец, но токму тој ја одвратил од намерата.
„Беше навистина учтив и ми рече да размислам убаво, па да го побарам по два месеца.
Тогаш нешто во мојот живот се промени па помислив дека треба живеам“.
Во подоцнежно интервју, во 2011-та, Џоли изјави дека имала многу „мрачни периоди“ во животот.
„Сум минувала низ потешки периоди и ги преживеав. Не умрев млада, па имам среќа.
Има други артисти и луѓе кои не можат да преживеат некои работи…
Постојат многу причини зошто не би требало да сум овде. Често помислувам колкупати сум била блиску до смртта…“
Актерката има изјавено дека мајчинството ѝ помогнало да се стабилизира и да си го среди животот.
„Во младоста не бев многу стабилна. Всушност, никогаш не ни мислев дека можам да бидам мајка.
Се сеќавам кога одлучив да станам родител. Не беше тешко да ги сакам децата. Она што ми беше тешко е што од тој миг, морав да се потрудам сè да биде во ред“.
Џоли има откриено и дека имала посттрауматско стресно нарушување, но не сподели која е причината.
Спирова С. | Црнобело