Празничната трпеза на познатите: На Спенџарска ѝ падна паричката во Солун, кај Катарина - во домот
- Детали
- понеделник, 06 јануари 2025
Игор Џамбазов на бадникарски оган во Дојран, Хелена Роза со бадникова пита со паричка во Нов Зеланд, Тамара Тодевска со богата посна трпеза што ја подготвила самата...
Вечерата за Бадник е една од најубавите традиции на почетокот на годината.
Се подготвува посна трпеза, се меси бадниковото лепче, со нетрпение се чека моментот кому ќе му се падне паричката.
Многу домаќинки и домаќини од целата земја се пофалија со месеното лепче и пита, но и со празничната трпеза.
Исклучок не се ни познатите македонски личности.
Снеже Велков објави видео на Инстаграм Стори како ја „крие“ паричката во лепчето.
Пејачите Благоја Грујовски и Лина Пејовска се пофалија дека паричката се паднала кај нив, паричката на бадниковата трпеза во Солун ја доби и Јелена Спенџарска, а дека ѝ се паднала паричката се пофали и актерката Драгана Левенска.
Водителката Ирена Спировска, пак, откри дека Бадник го поминала на Водно, на сонце, со драги луѓе.