Катарина Ивановска прослави една година врска со саканиот Стефан во Абу Даби: „12 месеци љубов“
- Детали
- недела, 30 јуни 2024
Катарина Ивановска преку Инстаграм откри дека е една година во љубов со Стефан Ханџиски, откако долго време ја чуваа врската во тајност.
Македонскиот топ-модел, Катарина Ивановска и нејзиниот дечко, Стефан Ханџиски, прославија една година во врска.
Тие се на патување во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, каде што ја прославија својата прва годишница.
Катарина на Инстаграм Стори објави фотка на која напиша „12 месеци“ и текстот го дополни со емотикони срциња и чаши со вино кои наздравуваат.
Катарина и Стефан во Абу Даби претходно го прославија и неговиот роденден.
При посетата на овој туристички центар, тие беа во познатата џамија Sheikh Zayed Grand Mosque, но и во претседателската палата Qasr Al Watan.
Катарина и Стефан го посетија и музејот Louvre, кој пред неколку години е отворен и во Абу Даби.
„Божица“ - е еден од коментарите кои го доби Катарина на фотките од познатиот музеј.
За потсетување, Катарина и Стефан долго време ја чуваа својата врска во тајност, а дури неодамна почнаа да објавуваат заеднички фотографии.
Повеќе фотографии од Катарина и Стефан:
А. Ј. | Црнобело