Катарина Ивановска со поранешниот партнер Цобе го прослави 5-тиот роденден на ќерката во игротека
- Детали
- петок, 20 септември 2024
Катарина Ивановска (36) и нејзиниот некогашен партнер Цобе и по разделбата секогаш се заедно на значајните настани за нивните деца, па така беше и на роденденот на малата Кира, која за роденденот носеше фустанче и „штиклички“.
Катарина Ивановска (36) ги има синот Вања и ќерката Кира од долгогодишната врска со Цобе.
Парот е разделен, но за сите значајни настани на нивните деца се заедно.
Па, така беше и вчера (19.09), по повод 5-тиот роденден на нивната ќерка Кира, кој го прославија во скопска игротека.
Катарина сподели фотографија на која се сите 4-ца, а по повод роденденот напиша:
„Среќен роденден мамона, Кира има 5“.
Кира на својот роденден носи штиклички и според видеата кои понекогаш ги објавува Катарина од неа, изгледа дека таа сака да оди по стапките на мајка си и да чекори по модните писти.
Инаку, Катарина Ивановска повторно пронајде љубов. Таа повеќе од една година е во врска со Стефан Ханџиски. Парот долго време ја чуваше врската во тајност.
Прочитајте и Катарина Ивановска наполни 36 години - роденденот го славеше со децата и саканиот во Атина
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





