Катарина Ивановска наполни 36 години - роденденот го славеше со децата и саканиот во Атина
- Детали
- понеделник, 26 август 2024
„За уште многу среќни денови пред мене“, напиша Катарина на Инстаграм и сподели неколку моменти од роденденот.
Катарина Ивановска е во Атина, каде што го прослави својот 36-ти роденден.
Нашиот топ модел е на летување со децата - синот Вања и ќерката Кира, и со саканиот Стефан Ханџиски.
Откако вчера (25.08) цел ден објавуваше роденденски честитки на Инстаграм Стори од пријателите, сега сподели и фотографии од прославата.
Таа објави видео на кое децата на цел глас ѝ пеат Happy Birthday, но и фотки од денот поминат на плажа, а потоа и на романтична вечера со својот партнер, Стефан Ханџиски, и како дува свеќичка на парче роденденска торта.
„За уште многу среќни денови пред мене“, напиша таа на Инстаграм.
Со Катарина на одморот во Атина е и нејзиниот соработник и долгогодишен пријател Васе Доковски.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм