Горан Папаз и сопругата добија тројка – ги открија имињата на двете ќерки и синот
- Детали
- вторник, 31 декември 2024
Сопругата на нашиот музичар се породи со три бебиња на претпоследниот ден во 2024-та година, а на трите деца им дадоа имиња на буквата „Л“.
Саксофонистот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа вчера (30.12) станаа родители на три бебиња.
Наташа роди две девојчиња и момченце, на кои им дадоа имиња на буквата „Л“.
За синот, Горан и Наташа избраа традиционално име - Лазар, додека девојчињата се Лена и Луна - едната со традиционално, другата со модерно име.
Парот доби бројни честитки за раѓањето на бебињата, а Горан ги сподели на Инстаграм Стори.
Папаз, кој не споделува многу за својата приватност, во август преку својот Инстаграм откри дека очекуваат тројка и ги покажа фотографиите од ултразвукот.
„1 на 10.000 биле шансите за природна тројка... ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше.
П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша тогаш саксофонистот.
Додека Наташа беше во осмиот месец од бременоста, Горан објави нејзина фотографија, па се пошегува дека „ѝ се погодил сопругот“.
„Ау сега со три бебиња, само мирување, мораш... Принцезава моја во осми месец.
Секој ден: работа, вежбање, активности, дома средено, насмеана, позитивна и така... ја сакам. П.С. Ѝ се погоди сопругот“.
Парот се венча во 2022 година, а освен тројката, Горан го има синот Дамиан.
Повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело