„Ти благодарам Господе“ - Едина Муса со сопругот Мачка ужива на снежната Пониква
- Детали
- недела, 29 декември 2024
„Ова е моја последна година од тоа да сум само јас. Во 2025-та ќе бидам наградена со титулата мајка на мало, прекрасно момче“, напиша Едина Муса, која блеска во бременоста.
Кошаркарката Едина Муса во месец септември објави дека е бремена со фотографија на која го гали своето трудничко стомаче, а на 29.11 стапи во брак со Александар Димитровски Мачка.
Парот сега ужива на зимување на Пониква.
Едина објави фотографии оттаму и напиша:
„Ова е моја последна година од тоа да сум само јас. Во 2025-та ќе бидам наградена со титулата мајка на мало, прекрасно момче.
Ти благодарам Господе што ме благослови да имам сѐ што посакував - дете и прекрасно семејство“.
Прочитајте и Едина Муса и Александар Димитровски Мачка прават свадба вечерва - Хана и Дарен дотерани за кај тато
С. С. | Црнобело