Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фото)
- Детали
- четврток, 01 август 2024
Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќеркичката позираат во стилот на Бијонсе за време на семејниот одмор. Таа инаку на Инстаграм е препознатлива по облекувањето во тон со нејзините две деца.
Д-р Нена Миовска Јорданов од Неготино има дипломирано на Стоматолошкиот факултет во Скопје и активно работи во полето на денталната медицина веќе 10 години, а се занимава и со естетска медицина.
Прочитајте и Нена М. Јорданов, доктор по естетска медицина: „Се боцкам и сама, највозрасната пациентка (70) ми побара зголемување на усни“
Освен за професијата, на нејзиниот Инстаграм профил, д-р Нена редовно објавува фотки од семејните патувања, но и од модно усогласените комбинации со нејзините деца.
Уште од најмали години, заедно со ќерката Барбара и синот Давид, тие се облекуваат во шик аутфити кои се модно усогласени.
Независно дали се на снег, на плажа или на прошетка низ градските улици, секогаш изгледаат средено од глава до пети и привлекуваат погледи со стајлингот.
Овој пат, Нена на Инстаграм објави кул фотки со нејзината ќерка, за време на семејниот одмор.
Тие се модно усогласени, но сега, во стилот на Бијонсе – позираат облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми.
Во описот до фотографиите, Нена напиша: Ain’t no hold ‘em, алудирајќи на стиховите од новата песна на Бијонсе, Texas Hold 'Em.
Погледнете ги фотките од д-р Нена со ќеркичката во каубојскиот стил на Бијонсе:
М. М. | Црнобело