Шик и со стил: Мајка од Македонија се облекува во тон со нејзините две деца (фото)
„Со облекување во тон почнав кога го родив синот Давид. Ми беше многу интересно да сме облечени во исто, а сега што и да купам децата самите ме прашуваат дали има таков тип на аутфит и за нив“, вели Нена Миовска Јорданов (33) за CRNOBELO.com.
Нена Миовска Јорданов (33) од Неготино, стоматолог по професија, e сопруга и мајка на две деца.
Таа обожава да се облекува во модно усогласени комбинации со нејзината ќерка Барбара (4) и синот Давид (7) и да споделува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.
За CRNOBELO.com Нена вели:
„Модна инспирација црпам од секаде, најважно ми е да сме оригинални и да не потсетуваме на некој друг.
Со облекување во тон (matching outfits) почнав кога го родив синот Давид. Ми беше многу интересно да сме облечени во исто, а сега што и да купам, децата самите ме прашуваат дали има таков тип на аутфит и за нив.
Но, поинтензивно почнавме да го правиме тоа во пандемијата, кога бевме затворени дома. Споделував фотографии од нашите комбинации на Инстаграм, имаше многу позитивни реакции и продолжив со тоа“.
Фотографии од Нена со нејзините деца:
https://www.instagram.com/p/Cpno3g2INzL/