Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата бунда“
„Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутината, внимавам тоа да е балансирано. Јадам готвена храна и најчесто јас ја подготвувам“, вели поранешната мисица и одделенски наставник, Маја Глигоровска, за CRNOBELO.com.
Маја Глигоровска (42) е поранешната мисица и манекенка, која 15 години работи како одделенски наставник во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
Таа е дипломиран педагог магистер за односи со јавност на факултетот „Јустинијан Први“ и жена која цело време се надоградува и вложува во себе и својата кариера.
Маја е и мaјка на 17-годишниот Константино, но и дама која многу внимава на негата на лицето и на својот изглед.
Maja со синот
Во разговор за CRNOBELO.com, таа ни раскажа за својата рутина за нега и убавина, за исхраната, здравите навики, но и за нејзиниот личен стил:
Стил на облекување
Силната љубов кон модата едноставно ме надвладува. Постојано во главата си правам комбинации на облека и делови од гардеробата, бидејќи сакам да се дотерувам.
Секогаш се трудам да ги следам модните трендови, без разлика дали е тоа за спортски или елегантен изглед.
Но, не ги следам „слепо“, туку секогаш го облекувам она што мене ми стои добро и што мене во моментот ме изразува.
Се облекувам соодветно за секоја пригода, но најкомотно се чувствувам во тоа што сум јас, а луѓето ме препознаваат - шик стил на облекување, кој во исто време е и урбан и класичен, зависно од пригодата.
Јас сум човек кој ужива во убавината на животот максимално.
Гардероба пазарам во странство и во последно време преферирам да купувам безвременска и минималистичка облека, без премногу натписи или други додатоци.
Една од работите кои во последно време ми е омилена и без кога не би тргнала на пат (кога е студено) е мојата бунда од нерц.
Нега на лицето и телото
За разлика од некогашната нега, која се состоеше од дневен и ноќен крем, средство за чистење и тонирање на лицето, со текот на годините почнав да користам и серуми и комплексни креми.
Редовно правам масажи на лице и работата најчесто ја оставам во рацете на професионалци, како мојата доктор Георгина, која знае успешно да го направи сè она што ми е потребно за лицето, а за да изгледам и природно и свежо.
Таа е тука секогаш да ме посоветува околу домашните ритуали, а кои се потребни за хидратација на кожата.