Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите?
Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се користат за здрава кожа и сјајна коса.
Многумина имаат навика да ја фрлаат лушпата од банана, но дали сте знаеле дека лушпите содржат хранливи материи кои се исклучително корисни за вашата кожа и коса?
Лушпата од банана е добра за првут и чистење на скалпот, а може да се користи и при појава на псоријаза и егзема.
Како и за што да ја користите лушпата од банана?
За кожата на лицето
Еден од наједноставните начини да ја користите лушпата од банана за вашата кожа е директно да ја втриете, така што ќе ја намалите сувоста на кожата, а ќе ви помогне и во борбата против брчки.
За оваа цел, најпрво измијте го лицето со млака вода и исушете го со чиста крпа.
Потоа, земете лушпа од банана и втријте ја на лицето и нежно масирајте 10-тина минути.
На крај, измијте го лицето со ладна вода.
Маска за лице со лушпа од банана
Лушпата од банана е богата со витамини Б6 и Б12, како и антиоксиданти, кои помагаат во борбата против некои проблеми со кожата.
За да направите маска, земете половина лушпа од банана и исечкајте ја на мали парчиња.
Додајте малку млеко и направете паста, а по желба може да додадете и мед. Потоа, нанесете ја на лицето и оставете ја околу половина час, па добро измијте ја со вода.
Пилинг за лице со лушпа од банана
Исечкајте ја лушпата од банана на мали парчиња, па додајте една лажица куркума во прав, шеќер и мед.
Добро промешајте, нанесете го пилингот на лицето и оставете го да постои половина час. Потоа, измијте со млака вода.
За вашата коса
Ако се соочувате со проблеми со првут, може да ви помогне маска од лушпа од банана.
За да ја подготвите, земете малку кора од банана, додајте околу 30 милилитри кокосово млеко и добро изблендирајте.
Потоа, нанесете ја пастата темелно на скалпот и косата и држете ја околу половина час. На крај, измијте добро со шампон и нанесете регенератор.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com