Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето?
„Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерките кои го промовираат бизарниот тренд за убавина кој вклучува спиење со лепенки на лицето, маска со куп серуми, па дури и залепена уста.
Трендовите за убавина стануваат сè полуди и сакајќи совршена кожа, многу девојки и жени ги пробуваат, без разлика колку бизарно изгледаат.
Покрај понормалните трендови и трикови, како масирање на лицето и користење цела палета серуми и кремови, периодов на ТикТок и Инстаграм доминира нов тренд кој наводно резултира со мазна и сјајна кожа без брчки.
Иако е дискутабилно колку е трендот ефикасен и безбеден, ТикТок е преплавен со видеа.
Виралниот тренд е познат како morning shed и вклучува користење лепливи ленти на лицето и стегачи околу главата.
@jodiedanielsx My morning shed ✨🫧🫶🏽 #morningshed #dailyshed #morningroutine #skincare #silkbonnet #beauty #beautytok
-->-->♬ Aesthetic - Tollan Kim
На видеата што се споделуваат можете да видите девојки кои си ја затегаат брадата со стегач, ставаат лепливи ленти на челото за наводно да ги измазнат брчките, па дури и ставаат леплива лента на устата.
Важно е да се нагласи дека доколку си ја залепите устата навечер, постои ризик да се задушите додека спиете, иако инфлуенсерките тврдат дека лентата на устата го подобрува сонот бидејќи го поттикнува дишењето низ носот.
@maytexmyers Missed me? This is my first shed in a while and I can definetely see that my skin isn’t thriving — sun exposure and lack of sleep @medicube_official sleep mask is a savior I also been lovind @deziskin overnight mask as an everyday moisturizer Yes my melasma is back but I much rather spend a little more time in nature than overworry about that is inveitable although i did apply spf constantly #morningshed #dailyshed #ibiza #shedroutine #medicube #dailyroutine #skincareroutine #medicubemask #glassskin #kneauty #morningskincare #foryou #parati
♬ origineel geluid - r & m <3 ⸆⸉
Некои инфлуенсерки ставаат и силиконски лепенки на кои нанесуваат продукти, како ретинол.
Некои користат и маски за лице кои ги оставаат по целата ноќ.
Проблемот е што овие продукти можат да ја иритираат кожата ако ги нанесувате на овој начин.
Притоа, на овие продукти не е наведено дека треба да бидат „залепени“ за кожата осум часа. На пример, на повеќето маски пишува дека треба да се отстранат по 20-тина минути.
Некои одат дотаму и што си ги лепат очните капаци, а некои ставаат и лепенки на носот бидејќи сметаат дека ќе ја променат формата.
И, кога ќе ги стават сите лепенки и стегачи, инфлуенсерките изгледаат бизарно, но се водат по мотото „колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“.
@eyestheticsofficial #morningshed i woke up like this 😜 #flawless the uglier you go to sleep the ✨prettier✨ you wake up? #creatorsearchinsights #eyelidtape #morning #shed #morningroutine #skincare #routine #eyecare #dryeyes #warmcompress #sleepingmask #mask #pimplepatch #heatlesscurls #clearskin #lunch #wakeup #wake #wokeuplikethis
♬ original sound - EYEsthetics | Optometrists
Името на трендот е инспирирано од тоа што наутро треба да се отстранат сите лепенки од лицето – зборот shed може да се преведе како отстранува.
Во коментарите на ваквите видеа, многу девојки велат дека би го пробале трендот или дека користат нешто слично, но има и многу критики и шеги.
„Не знам што е тоа што го ставате на устата, но јас дишам низ уста кога спијам и сигурно ќе се задушам“.
„Една инфлуенсерка рече ако имате затнат нос, да ја лепите устата кога ќе си легнете. Немојте, така ќе се задушите“.
„Не ми е јасно, зошто го користите сето ова? Што е поентата? Изгубена сум“.
„Мене ме нервираат и пижамите кога спијам, а не па да си го лепам целото лице“.
@yourfavfakeblonde.com Morning shed #morningshed #grwm
♬ original sound - ELLA BEST
Според експертите, трендот не само што изгледа чудно, туку и не е ефикасен.
„Подготвувањето за спиење со сите овие продукти одзема многу време и главно е непотребно.
Ако ја ’накиснете‘ кожата со кремови и серуми можете да ги затнете порите и да си предизвикате акни.
Областа околу очите, пак, е многу нежна и може да ја иритирате“, вели дерматолог од САД.
Таа истакнува дека кремовите и серумите за лице се впиваат по 10-тина минути, што значи лепенките нема да имаат ефект.
За подобрување на квалитетот на сонот, пак, единствено може да биде од корист маската за спиење.
„Кога станува збор за маските за спиење, повеќето истражувања што ги имаме се направени во болница.
Односно, пациентите кои носат маска спијат подобро кога се во болница“, вели експерт за спиење од САД.
Од друга страна, спиењето со ленти и што уште не на лицето може да биде неудобно, а ова може да го наруши квалитетот на сонот.
Спирова С. | Црнобело