Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух)

Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето, но и УВ зраците. Навечер, пак, користете ретинол кој го изедначува тенот.

aktivni-sostojki-za-nega-na-kozha-shto-treba-da-gi-koristite-vo-zima-ja-shtitat-od-sushenje-i-zagaden-vozduh01.jpg

Негата на кожата во зима е особено важна бидејќи овој период од годината таа е посклона на сушење и е изложена на поголемо загадување на воздухот.

Главно продуктите што ги користите во лето можете да ги користите и во зима.

Но, ако избегнувате да користите многу продукти, можеби треба да вметнете нешто плус, барем во зима.

Активни состојки што треба да ги барате во продуктите за зимска нега на кожа:

AHA

Кратенката AHA се однесува на овошни киселини кои помагаат во отстранувањето на мртвите кожни клетки, односно ѝ прават пилинг на кожата.

Погодни се за сува кожа – нешто што е честа појава во зима.

Важно е да знаете дека продуктите со АНА треба да се користат една-двапати неделно бидејќи можат да направат иритација.

Исто така, ја прават кожата почувствителна на светлина, па препорачливо е да ги користите навечер.

Ако, пак, имате многу чувствителна кожа, најдобро е да ги прескокнете овие продукти за да не си ја влошите состојбата.

BHA

Уште една група киселини кои се користат за пилинг на кожата.

Имаат сличен ефект како AHA киселините, а можат да бидат од помош и кај кожа склона кон акни.

Обично AHA и ВНА киселините се продаваат во ист продукт и важат истите правила за употреба – најмногу двапати неделно, и само навечер.

Важно е да се напомни дека не треба да се комбинираат со ретинол.

aktivni-sostojki-za-nega-na-kozha-shto-treba-da-gi-koristite-vo-zima-ja-shtitat-od-sushenje-i-zagaden-vozduh-02.jpg

Хијалуронска киселина

Хијалуронската киселина ја навлажнува кожата, особено во зимскиот период кога е склона кон сушење.

Исто така, создава и заштитен слој.

Погодна е за секаков тип кожа, особено за зрела бидејќи дополнително ја хидрира.

Нијацинамид

Нијацинамидот е всушност витамин Б3 и докажано го изедначува тенот, но и ги измазнува малите брчки.

Ја хидрира кожата и ја штити, што го прави одличен за зимските месеци.

Погоден е за секаков тип кожа, а во комбинација со витамин Ц, може да ги намали дамките на кожата кои се јавуваат со стареењето.

Важно е откако ќе нанесете серум или друг продукт со нијацинамид, да ставите и крем со фактор.

aktivni-sostojki-za-nega-na-kozha-shto-treba-da-gi-koristite-vo-zima-ja-shtitat-od-sushenje-i-zagaden-vozduh-03.jpg

Ретинол

Ретинолот го стимулира производството на еластин и колаген, со што ги намалува брчките.

Исто така, ја осветлува кожата и го изедначува тенот.

Погоден е за скоро сите типови кожа, но не е препорачлив ако имате многу чувствителна.

Ретинолот не треба да се меша со АНА и ВНА киселини, ниту со витамин Ц бидејќи може многу да ја исуши кожата.

Односно, почекајте барем 20-тина минути за ретинолот добро да се впие, пред да ставите некој од овие продукти.

Препорачливо е да го користите кога е темно, бидејќи ја прави кожата почувствителна на сонце.

Витамин Ц

Витаминот Ц е одличен за зимскиот период бидејќи ја штити кожата од оштетување, но и од УВ зраците и загадувањето на воздухот.

Најдобро е да го користите наутро, а погоден е за сите типови кожа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg