Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти

Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе ви биде доволно околу половина лажичка. Со ова ќе го заштитите лицето и нема непотребно да ги трошите обично скапите кремови.

kolkavo-kolichestvo-produkti-za-ubavina-treba-da-koristite-spored-eksperti-01.jpg

Кога станува збор за продукти за убавина, многумина користат поголема количина од она што е потребно.

Ова значи дека побрзо ги трошат продуктите кои некогаш можат да бидат навистина скапи.

Истовремено, некои продукти, како средство за расчешлување коса, можат да предизвикаат иритација ако се користат во поголеми количини од препорачаните.

За Daily Mail, неколку експерти споделуваат колкаво количество од разни продукти треба да користите за да заштедите, а сепак да ги чувствувате придобивките.

Нивните совети во продолжение:

Крем со фактор

Алекс Ланг е менаџер на позната фирма за продукти за нега на кожа, вклучувајќи и кремови со фактор.

Таа вели дека е важно да се нанесе доволно крем со фактор за да се заштити лицето, но да не се претерува.

„Генерално, за цело лице ќе ви треба од четвртина до половина лажичка крем со фактор“.

Таа вели дека за полесно да го одредите количеството, можете да го искористите трикот со прст.

Односно, од внатрешната страна на показалецот, нанесете линија крем по целата должина на прстот (како на фотографијата). За вратот и деколето, ќе ви треба уште толку количество.

kolkavo-kolichestvo-produkti-za-ubavina-treba-da-koristite-spored-eksperti-02.jpg

Кремот со фактор треба да се нанесува на кои два часа, но и почесто ако пливате или се потите.

Количината потребна за тело, нормално, ќе зависи од вашата големина. Но, за просечна жена, ќе ви треба околу една мала чашка (како оние за ракија).

Важно е да нанесете доволно крем за да го покриете целото тело и доколку пливате, треба да нанесувате крем по секое излегување од вода.

kolkavo-kolichestvo-produkti-za-ubavina-treba-da-koristite-spored-eksperti-03.jpg

Продукти за коса

Џана Бленкершип е сопственичка на компанија за продукти за коса.

Таа вели дека не треба да се претерува со продуктите кои не се мијат бидејќи почнуваат да се таложат на косата, а можат и да го иритираат скалпот.

Кога ја миете косата, ако имате кратка и поретка коса, доволно е да нанесете шампон во количина колку поголема цреша.

За подолга и погуста коса, ќе ви треба повеќе шампон - во зависност од должината, но проближно колку поголем орев.

kolkavo-kolichestvo-produkti-za-ubavina-treba-da-koristite-spored-eksperti-04.jpg

Ако користите шампон за суво миење, треба да нанесете многу малку, и тоа директно на корените, а не по должината на косата.

Потоа само измасирајте го скалпот за да го распоредите продуктот.

Кога користите продукти како маска или кондиционер, најдобро е да ги исплакнете со постудена вода.

Ако користите кондиционер или регенератор кој не се мие, немојте да го нанесувате секој ден. Односно, нанесете го само еднаш помеѓу две миења бидејќи може да се наталожи на косата.

kolkavo-kolichestvo-produkti-za-ubavina-treba-da-koristite-spored-eksperti-05.jpg

Продукти за лице

Шарлин Валедор е сопственичка на бренд за нега на кожа, а и самата има работено на развој на продукти за нега.

Таа вели дека кога го чистите лицето со средство како гел или пена, сосема доволно ви е количество отприлика колку монета од 1 денар.

Ако користите повеќе, само непотребно ќе го трошите продуктот бидејќи нема да направите разлика во неговата ефикасност.

Ова важи дури и ако имате нанесено шминка.

kolkavo-kolichestvo-produkti-za-ubavina-treba-da-koristite-spored-eksperti-06.jpg

За серуми, пак, количината може да зависи од типот на серум како и вашата кожа, но најдобро е да почнете со количество колку зрно грашок.

„Ако забележите дека тоа количество ви е малку, додајте уште две-три капки од серумот.

Но, избегнувајте да користите повеќе за да избегнете иритација, но и непотребно трошење на продуктот“.

Таа советува и дека ако лицето ви се чини суво по нанесувањето на серумот, можеби треба да го смените продуктот.

И кај кремовите за хидратација е важен типот на кожа.

Но, генерално, почнете со количество колку монета (од 1 денар). Ако кожата ви е многу сува, додајте уште малку крем.

Доколку по кремот планирате да ставате и шминка, тогаш подобро ставете помало количество.

kolkavo-kolichestvo-produkti-za-ubavina-treba-da-koristite-spored-eksperti-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg