Тренд за шминкање „No Make-up Look“ - за сите девојки кои сакаат природен изглед
Ако сакате да излезете од дома како да сте без шминка, само да изгледате поодморено и посвежо, тогаш овој тренд е за вас. Го обожаваат сите девојки што ја ценат природната убавина.
Tрендот „No Make-up Look“ подразбира дискретна шминка, со која ќе изгледате природно како да немате шминка, само посвежо и попривлечно.
Фокусот е на природната убавина и на постигнувањето изглед дека сте убаво одморени.
Најважна работа се пудрата, коректорот и дефинирањето на веѓите.
Потоа, дискретно розовите образи и природните усни, на кои треба да ставите само транспарентен сјај или многу светол кармин со розова или пудра нијанса.
Запомнете дека клуч на овој изглед е природноста, односно како да сте излегле од дома без многу напор.
Прочитајте и „Old money“ е моден тренд за сите кои сакаат да изгледаат скапо, a безвременски
Погледнете предлог идеи за ваков изглед:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





