Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих

Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прават славните дами за да изгледаат совршено на црвениот тепих?

trikovi-shto-gi-koristat-slavnite-dami-za-besprekoren-izgled-na-crveniot-tepih-01.jpg

На важните настани, како гала свечености и доделувања на награди, славните дами се совршени.

Иако тие се и природно убави, за беспрекорниот изглед секогаш се должни и разни трикови.

Дел од нив во продолжение:

Честопати носат перики или надградба на коса

На црвениот тепих, косата на славните дами изгледа беспрекорно. Но, доста често ова се должи на перики и надградба на коса.

На фотките подолу се гледа Бела Хадид со перика со шишки на Канскиот филмски фестивал во 2016-та, додека десно е со нејзината природна коса, фотографирана неколку дена подоцна.

trikovi-shto-gi-koristat-slavnite-dami-za-besprekoren-izgled-na-crveniot-tepih-02.JPG

Лејди Гага, пак, отсекогаш носела перики, особено во периодот од кариерата кога се појавуваше со луди фризури.

На фотката подолу можете и да забележите каде почнува периката над челото.

trikovi-shto-gi-koristat-slavnite-dami-za-besprekoren-izgled-na-crveniot-tepih-03.JPG

Секогаш носат градник

Можеби на фотките од црвениот тепих не се гледа, но славните дами секогаш носат градници, дури и кај разголени фустани.

Ова најдобро се забележува на споредбата подолу каде што на фотката лево, прерамките од градникот на Џеј Ло не се забележуваат, додека десно се повеќе од очигледни.

trikovi-shto-gi-koristat-slavnite-dami-za-besprekoren-izgled-na-crveniot-tepih-04.JPG

Ги преправаат фустаните за да им бидат удобни

На ревија во 2020 година, Парис Хилтон носеше црвен фустан кој изгледа како да се држи само за страните од рамената.

Но, ако го погледнете подобро, ќе забележите дека на фустанот има речиси невидлива ткаенина која го држи во место.

trikovi-shto-gi-koristat-slavnite-dami-za-besprekoren-izgled-na-crveniot-tepih-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg