4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте

Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да се исцртаат правилно, ги нагласуваат брчките и неправилностите на лицето.

4-najgolemi-greshki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-01.jpg

Иако речиси сите жени сакаат да изгледаат помладо отколку што се, тие често прават грешки поради кои понекогаш изгледаат постаро.

Најчесто носат облека која не им одговара или ставаат премногу шминка.

Доколку не сакате да изгледате постаро отколку што сте, внимавајте на овие работи:

Чувате стара гардероба

Иако во својот плакар имате скапоцени мали нешта од кои не сакате да се одвоите, доколку не носите одредена гардероба, подарете ја.

Не треба да скокате на секој нов тренд за да го задржите модерниот изглед, но носење на стара, износена облека и чевли може да има големо влијание врз вашиот изглед.

4-najgolemi-greshki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-02.jpg

Носите трендовска гардероба која не ви одговара

Сите жени сакаат да изгледаат модерно, но слепото следење на модата може да има лоши последици.

Покрај тоа што трендовите се минливи, само затоа што нешто е популарно не значи дека ќе ви стои добро и вам.

Подобро е да се инвестира во класична облека. Истата секогаш изгледа добро.

4-najgolemi-greshki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-03_copy.jpg

Премногу шминка

Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да се исцртаат правилно, ги нагласуваат брчките и неправилностите на лицето.

4-najgolemi-greshki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-04.jpg

Не се грижите за деколтето, рацете и нозете

Често токму кожата на рацете, вратот и деколтето е посклона кон стареење. Ова е резултат на несоодветна или недоволна грижа.

Освен за заштита од сонце, кожата треба да се храни со хранливи кремови за да остане мека и мазна.

4-najgolemi-greshki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-05.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg