12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото)

Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - искуствата на овие жени се доказ дека не треба да одите во непроверен салон за убавина (дури и кога услугите се практично „беспари“).

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-01.jpg

Скоро и да не постои жена која барем еднаш во животот не отишла во салон за убавина, без оглед дали е тоа на фризер, кај шминкер, за корекција на веѓи или ставање вештачки трепки.

И, многупати се случило некоја жена да зажали, бидејќи очекувањата и реалноста се различни, а крајниот резултат да е разочарувачки.

За да ги избегнете разочарувањата, прво правило е да не одите во салон за убавина кој не ви е проверен (од вас самите, од вашите пријателки или без да ги прочитате коментарите на социјалните мрежи за туѓите искуства).

Бидејќи, дури и да нудат услуги кои се практично „беспари“, крајниот резултат може да биде очаен.

Доказ за тоа се и овие жени кои ги споделија своите разочарувања:

„Маникирот ми го направија во еден јапонски салон - им покажав фотка од моите виолетови нокти и кажав дека сакам ист маникир, но во црвена боја, а ноктите да ми се „покоцкасти“ отколку претходните. Ова е резултатот“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-02.jpg

„Жената што црта со к’на тврдеше дека прави совршени портрети од животни. Ми требаше скоро еден час за да ја избришам бојата од раката“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-07.jpg

„Сакав бебешко розова коса, а не да дречам. Притоа платив 400 евра на фризер за промената на боја на коса“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-11.jpg

„Побарав да ми направат нежно контурирање на усните со светла боја. Но, изгледа претераа малку, а сега нема назад“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-03.jpg

„На козметичарката ѝ требаа 2 часа да ми го направи овој маникир. Ноктите сега ми се ужасно лоши“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-05.jpg

„Бев да ми направат пробна шминка пред свадбата. Дали претерувам или шминката е стварно очајна?“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-10.jpg

„После 5 часа во фризерско студио, ова е резултатот“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-09.jpg

„Веќе никогаш нема да одам во салон за маникир што не ми е проверен“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-13.jpg

„Дали надградбата на коса стварно треба да изгледа вака?“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-06.jpg

„Не е првпат да одам на корекција на веѓи, но првпат некој ми ги направи вака лошо“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-04.jpg

„Според козметичарката, свилените трепките што ми ги стави се совршени и никој нема да забележи дека не се природни“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-12.jpg

„Платив 70 евра за овој француски маникир“

12-zheni-koi-otishle-vo-neproveren-salon-za-ubavina-i-zazhalile-foto-08.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg