7 предлози за маникир кои се хит ова пролет, според козметичари
Како и секоја пролет, популарни се цветните дезени, но и впечатливиот маникир инспириран од техниката витраж.
Ако ви фали инспирација за пролетен маникир, зошто да не пробате некои од трендовите кои доминираат оваа сезона?
Неколку сопственици на салони за маникир за магазинот PureWow ги споделуваат најголемите трендови за оваа пролет.
Погледнете ги во продолжение:
Цветни дезени
Цветните дезени – и на маникир и на облека – секогаш се хит во пролет.
Годинава најпопуларни ќе бидат посуптилните дезени, со доминација на пастелните нијанси.
Неутрални нијанси
За оние кои не сакат да експериментираат, неутралните нијанси се најдобар избор за нокти.
Најдобро е да изберете нијанса која е најмногу слична до бојата на вашата кожа.
Дезен како витраж
За посмелите девојки, маникирот кој изгледа како витраж, односно насликано стакло, е идеален.
Основата на маникирот е пастелна нијанса, додека деталите главно се исцртани со светли бои, како црвена или жолта.
Разни дезени на секој нокт
Иако за некои може да делува кич, годинава популарен е и маникирот каде секој нокт е со различен дезен или различна боја.
„Сапун“ нокти
Таканаречените „сапун нокти“ (soap nails) претставуваат маникир со бледорозова боја, кој е малку проѕирен.
Идеални се ако сакате поминималистички и поприроден изглед.
Нокти со путер жолта боја
Путер жолтата важи за боја која ќе доминира оваа пролет, вклучително и на ноктите.
Нежната пастелно жолта нијанса е идеална ако сакате нешто повпечатливо, но не многу нападно.
Пастелни нокти
Како и секогаш, пастелните нокти остануваат во тренд.
Во пролет дајте им предност на нијансите како зелена, розова и сина.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





