Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих
Во 2019-та, Пријанка Чопра носеше кроп-топ и здолниште, а главниот детаљ на аутфитот е украсот со реси.
За аутфитот да биде поудобен за носење, ако се загледате внимателно, ќе забележите дека на делот на стомакот има проѕирна ткаенина.
Скарлет Јохансон носеше фустан со длабоко деколте на Златните глобуси во 2020-та, а на фотките одблиску можете да забележите дека има проѕирна ткаенина која го држи во место горниот дел.
Носат долна облека што затегнува
Дури и славните дами со облини изгледаат затегнато на црвениот тепих, а тоа се должи на долната облека која затегнува.
Неа ја носат и оние кои се во топ-форма, како Џеј Ло.
Кријат повреди и проблеми со здравјето
На Филмскиот фестивал во Венеција во 2007 година, Хелена Бонам Картер носеше компресивен чорап на едната нога, каков што се носи за проширени вени.
Блејк Лајвли, пак, скри гребаница на ногата со фластер во боја на кожа за време на настан во 2011-та.
Спирова С. | Црнобело