Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа
Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви помогнат да изгледате совршено на одмор?
За жените, подготвувањето за одмор не вклучува само пакување и почнува недела-две претходно, па и порано.
Причината обично се третманите за убавина со кои сакаме да изгледаме беспрекорно.
Но, не сите третмани се погодни за пред одење на одмор, додека некои се задолжителни.
На што да се фокусирате пред да одите на одмор?
Направете ламинација на трепки наместо да ставате вештачки
Маскарата не е најдобар избор кога одите на море или езеро, а дури и водоотпорната може да се растече.
Па, многу девојки се одлучуваат за вештачки трепки.
Сепак, кога одите на одмор, подобро е да направите таканаречена ламинација на трепки.
Вештачките трепки сепак можат да се оштетат или одлепат од водата и сонцето, додека со ламинација се истакнуваат вашите природни трепки.
Гелни нокти наместо обичен лак
Лакот за нокти не трае ни 10 минути на плажа. Што значи, секој ден ќе треба да се лакирате.
Дури и ако избегнувате гелни нокти, кога одите на одмор тие се многу попрактичен избор бидејќи маникирот ќе ви биде среден многу подолго.
Третман за боење веѓи наместо цртани веѓи
Шминката не е добар избор за плажа, па ако сакате веѓите да ви бидат повпечатливи, можете да пробате третман за боење.
Овие третмани се краткотрајни и ги нудат во повеќето салони за убавина.
Со третманот веѓите изгледаат побујно и малку потемно, но сепак природно.
Педикир со потемна нијанса
Педикирот е задолжителен пред да одите на одмор.
А, кога станува збор за бојата на ноктите, дајте им предност на темните нијанси.
Кога ќе се исончате, темната боја ќе изгледа многу подобро отколку светла.