Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса

Овие фризури со шишки им стојат добро и на жени со права, но и на жени со виткана коса.

4-frizuri-so-shishki-koi-na-site-dobro-im-prilegaat-01.jpg

Оваа сезона шишките се враќаат на голема врата, а има многу начини на кои можете да ги носите.

Боб и пикси фризурите со шишки долго време се веќе во тренд, но оваа сезона и долгата коса со шишки е подеднакво интересна.

Најважна ставка кај шишките се токму димензиите кои умеат да ги нагласат добрите црти на лицето.

Кои фризури изгледаат добро и на права, и на виткана коса?

Микро боб со шишки

Боб фризурата доаѓа во нова, поинтересна верзија, со микро шишки.

Ова е дефинитивно фризура за најхрабрите.

Микро боб е пократка од класичната боб фризура, некаде до брадата, а шишките се исто така микро.

Станува збор за ретки шишки, односно само дел од косата е поткастрен до очите, а другиот дел од шишките е скратен онолку колку што е потребно да се вклопи со остатокот коса.

4-frizuri-so-shishki-koi-na-site-dobro-im-prilegaat-02.jpg

Џејн Биркин шишки

Името го добиле по модната и музичка икона од 70-тите, Џејн Биркин.

Овие шишки одговараат со скоро секоја должина на коса.

На средината на челото со пократки, додека нивната должина постепено се зголемува како што одат кон лицето, што скоро и влегуваат во очи.

Шишките во стилот на Биркин прилегаат на сите облици на лицето.

4-frizuri-so-shishki-koi-na-site-dobro-im-prilegaat-03.jpg

Рамни шишки

Ако сакате визуелно да го издолжите лицето, но сепак не сакате многу кратки шишки, ова е фризура за вас.

Шишките во рамна линија може да бидат и подолги и пократки, а со нив косата изгледа визуелно подолго.

Одлични се со права, но и брановидна коса.

4-frizuri-so-shishki-koi-na-site-dobro-im-prilegaat-04.jpg

Долги шишки во слоеви

Доколку не сте подготвени за многу кратки шишки, тогаш ова е фризура за вас.

Станува збор за шишки кои го обликуваат лицето, но во исто време се доволно долги за да не пречат и не е потребно дополнително да се одржуваат.

Ова е вистинска фризура за оние кои не сакаат да ризикуваат, а сакаат промена.

4-frizuri-so-shishki-koi-na-site-dobro-im-prilegaat-05.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 фризури на кои им помина времето (а, притоа додаваат години) Симетричните фризури не се во тренд, па затоа ако имате боб-фризура, никако не т...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg