5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат

Колку пати во најжешките денови добивате желба да си ја откорнете косата заради тоа што не можете да ја издржите горештината?

5-letni-frizuri-koi-vednash-kje-ve-podmladat-01.jpg

Наместо сами да ги земете ножичките и да си ја скратите косата или да се нервирате што секоја вечер мора да ја врзувате и да спиете со опавче, размислете да направите една од овие 5 фризури.

Освен што се одлично решение, тие ќе направат да изгледате и до 10 години помладо.

Каква фризура да изберете ова лето?

Долга коса со изразен степен

Ова е идеална фризура ако не сакате да ја скратите премногу косата.

Степенот ѝ дава волумен (поради слоевите во различна должина), а косата секогаш делува како да е совршено наместена, дури и кога ќе заборавите да ја исчешлате.

5-letni-frizuri-koi-vednash-kje-ve-podmladat-02.jpg

Боб до под уши

Една од најпопуларните фризури за ова лето е боб до под уши.

Важно е косата да биде благо фенирана навнатре и да ја носите ставена зад уши.

Ова е совршена фризура за жените со тркалезно или овално лице, бидејќи визуелно го шири лицето.

5-letni-frizuri-koi-vednash-kje-ve-podmladat-03.jpg

Пикси

Пикси фризурата е можеби најдобрата опција за ова лето, особено ако не се плашите да направите голема промена и да ја скратите косата драстично (или ако кратката коса е вашиот избор со години).

Оваа фризура го нагласува вратот и му дава елегантен изглед на лицето, а фризерите им ја препорачуваат на дамите кои имаат поретка коса или густа коса, но тенко влакно, кое полесно ќе се обликува и ќе ја задржи посакуваната форма.

Се препорачува и за жените со големо чело, бидејќи шишките ќе го скријат визуелно.

5-letni-frizuri-koi-vednash-kje-ve-podmladat-04.jpg

Кратка залижана коса

Оваа фризура не одговара на секој тип на лице, па најмногу им се препорачува на жените чие лице е во форма на срце.

Косата е многу кратка, а шишките долги и се носат залижани, префрлени на едната страна.

Делува шармантно, но сепак, за ваква фризура се решаваат само најхрабрите дами, кои не се плашат да експериментираат со изгледот.

5-letni-frizuri-koi-vednash-kje-ve-podmladat-05.jpg

Асиметрична боб фризура

Оваа фризура е најчесто со должина до средината на вратот, со тоа што едната страна на косата е подолга од другата.

Фризурата се носи во патец, кој е на левата или десната страна од лицето.

Косата од спротивната страна е ставена зад ушите за да изгледа визуелно пократка од другиот дел.

Оваа фризура им одговара на сите форми на лице, а што е најважно - подмладува.

5-letni-frizuri-koi-vednash-kje-ve-podmladat-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 фризури на кои им помина времето (а, притоа додаваат години) Симетричните фризури не се во тренд, па затоа ако имате боб-фризура, никако не т...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg