6 фризури на кои им помина времето (а, притоа додаваат години)
Симетричните фризури не се во тренд, па затоа ако имате боб-фризура, никако не треба патецот да ви биде точно на средината. Кои други фризури не се во мода?
Како и сè во светот, така и трендот на фризури се менува.
Некои од оние што беа популарни пред само една година, веќе не се во мода, па треба да ги избегнувате.
Стилистите направија листа на 6 фризури на кои им помина времето и на кои треба да заборавите (ако не сте тинејџерка, зашто додаваат години).
Кои се тие?
Фризура без шишки
Шишките им стојат различно на сите, па затоа треба (во договор со фризерот) да решите како да ги потстрижите за да му дадат убав изглед на вашето лице.
Фризурите без шишки кои го откриваат челото (но и брчките) се застарени и треба да останат во минатото.
Боб поделен точно на средината
Симетричните фризури не се во тренд, па затоа ако имате боб-фризура, никако не треба патецот да ви биде точно на средината.
Наместо тоа, префрлете ја косата преку левата или десната страна и направете ја фризурата „позабавна“.
Плетенки во стилот на балтичките жени
Плетенките се во мода, но никако не треба да ги кревате нагоре, преку главата, како што ги носат балтичките жени.
Дури и да ви се допаѓа оваа фризура, ќе направи да изгледате многу повозрасно.
Високо кренато опавче
Уште еден тренд кој стилистите веќе не го препорачуваат, е високо кренато опавче.
Според нив, оваа фризура е соодветна за тинејџерки, но не и за зрели жени или дами кои сакаат да покажат дека имаат истенчен стил.
Совршено мазна фризура
Без оглед дали косата ќе ви биде пуштена, врзана во опавче или во пунџа, таа не смее да биде совршено мазна.
Напротив, во мода е малку неуредната и несовршена фризура, која делува помладешки.
Рамно потстрижена коса
Рамно потстрижената фризура може да ја носат младо девојки, но не се препорачува за повозрасните жени.
Овој тренд, според стилистите, е здодевен и несоодветен за жените постари од 30 години.
А. Ј. | Црнобело