Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате)
Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено што постојат фризури кои додаваат години, па прават да изгледате постаро отколку што сте.
Фризурата која ја имавте во 20-тите години не е соодветна за кога ќе наполните 40+.
Постојат фризури кои додаваат години и поради кои ќе изгледате постаро отколку што сте навистина.
Во продолжение погледнете кои 5 фризури треба да ги избегнувате ако имате повеќе од 40 години:
Премногу долга коса
Предолгата коса визуелно го издолжува лицето, особено што тонусот на лицето со текот на годините се опушта, па и образите ни „се спуштаат“ надолу.
Затоа малку скустете ја косата (за таа и понатаму да е долга), а потоа додадете ѝ волумен, така што ќе ја носите во благи кадрици или ќе ја потстрижите степенесто.
Рамна коса до рамениците
Иако на многу жени им е омилена рамната коса до раменици, сепак оваа фризура додава години и ги прави поостри цртите на лицето, а ги нагласува и брчките.
Затоа не се препорачува за дамите над 40 години.
Алтернатива за оваа фризура е рамна кратка коса или рамна коса до под рамениците.
Кратка боб фризура со шпицови и шишки
Краткиот боб со долги шпицови и рамни, густи шишки е топ фризура на 30+ години, но не и откога ќе ја надминете 40-тата година.
Ако оваа фризура ви е омилена, сепак изберете алтернатива, па наместо долги шпицови, тие нека бидат пократки, а косата нека биде степенеста и нека има повеќе волумен.
Фризура „без движење“
Со текот на годините косата го губи својот волумен, влакното станува потенко и поретко.
Токму затоа по 40-тата година треба да избегнувате фризури кои се „без движење“, односно рамни и „здодевни“.
Дајте ѝ живост на косата така што ќе ја потстрижувате во слоеви, а по желба, можете да направите и благи кадрици.
Кратка коса залижана наназад
Ниедна жена по 40-тата година не би требала да носи кратка фризура која ќе ја залижува наназад.
Ваквата фризура ги нагласува брчките и несовршеностите на лицето наместо да ги крие.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





