Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро)

Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е соодветен на бојата на вашата кожа.

shminki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-po-40-tata-godina-pravat-da-izgledate-postaro-01.jpg

Со годините лицето ни се менува и брчките, дамките и сличните недостатоци се норма.

Никако не треба да се срамите од овие работи, но по одредена возраст можеби ќе треба да го промените начинот на шминкање.

Некои шминки, кои изгледаат добро на млада кожа, може да го влошат изгледот на зрелата кожа, па и да направат да изгледа постаро.

Продукти кои е подобро да ги избегнувате по 40-тиот роденден:

Многу темно моливче за веѓи

Немојте драстично да ги менувате формата и бојата на вашите веѓи.

Одберете нијанса која е слична со бојата на косата и искористете го моливчето само за да ги пополните вашите веѓи, не да ги правите подебели.

shminki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-po-40-tata-godina-pravat-da-izgledate-postaro-02.jpg

Погрешна нијанса на пудра

Осигурете се дека ја купувате соодветната нијанса на пудра бидејќи, во спротивно, ќе делувате неприродно и ќе ги истакнете сите несовршености на лицето.

shminki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-po-40-tata-godina-pravat-da-izgledate-postaro-03.jpg

Дебел слој пудра

Не претерувајте со пудрата.

На почетокот можеби ќе изгледате добро, но по некое време пудрата ќе ги истакне брчките и ќе му даде неприроден изглед на лицето.

shminki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-po-40-tata-godina-pravat-da-izgledate-postaro-04.jpg

Многу светол коректор

Коректорот нема потреба да биде многу светол за да ги прикрие подочниците, дамките и другите несовршености на лицето.

Ако имате бела кожа, најдобро е да користите коректор со нијанса на праска кој дава природен изглед, а сепак ги покрива недостатоците.

shminki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-po-40-tata-godina-pravat-da-izgledate-postaro-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg