Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ критикувана за изгледот - испрати моќен апел со бебето во раце
- Детали
- среда, 25 декември 2024
„Бебенце мое, еве некоја жена кажува дека лошо изгледам. Што мислиш ти? Мислам дека треба да те заспијам сега за да се нашминкам, иако тебе те боли стомакот“, иронично вели Катарина, сопругата на пејачот Дарко Лазиќ.
Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ (34), го доби своето прво бебе со саканиот во октомври 2024. Тие станаа родители на ќерката Срна.
Ова е трето дете за Дарко, а прво за Катарина.
Таа на својот Инстаграм профил постојано споделува детали за нејзиното секојдневие и мајчинството.
Но, сега се пожали дека добила лош коментар од една жена на сметка на нејзиниот изглед.
Изреволтирана од коментарот „Божеее, колку лошо изгледаш“, Катарина испраќа моќен апел.
Во видеото кое го сними со ќерка си во раце таа изгледа уморно и неуредно, како и повеќето мајки на новороденчиња кога се дома и преоптоварени со обврски, и не го крие тоа со цел да покаже дека е сосема нормално.
Во видеото Катарина иронично вели:
„Бебенце мое, еве некоја жена кажува дека лошо изгледам. Што мислиш ти?
Мислам дека треба да те заспијам сега, да се нашминкам, за да можам да снимам нешто за на Инстаграм, за жените да не кажат дека лошо изгледам.
И нема врска љубов моја што тебе те боли стомакот, ти мора сега да спиеш за мама да се нашминка за да биде во топ издание за на Инстаграм Стори“.
Потоа таа на Инстаграм напиша:
„Мене вакви негативни коментари не ме допираат, но има жени кои ќе ги повредат, па затоа:
Не ѝ го зборувај ова на жена која има мало бебе!
Не ѝ го зборувај ова на жена!
Не го зборувај ова!
Не зборувај воопшто!
Ако немаш што убаво да кажеш, задржи ја својата злоба за себе“.
Погледнете го видеото на следната страница...
Би можело да ве интересира:





