„Што е со тебе жено? Раста за сиромашни“ - Ана Николиќ критикувана поради изборот на партнер
- Детали
- среда, 29 јануари 2025
„Навистина не знам што видела во него“ е еден од критички настроените коментари. Кој е Горан Ратковиќ Рале, композиторот кој ѝ го освои срцето на Ана Николиќ?
Ана Николиќ, по разводот со Раста, е повторно вљубена, а таа го потврди тоа во мај 2024.
Пејачката е во врска со композиторот Горан Ратковиќ Рале, а љубовта помеѓу нив е толку силна што парот сега најавува дека планира да стапи во брак, пишуваат српските медиуми.
Таа на Инстаграм објави две фотографии од новиот партнер и напиша: „Светот е наш“.
Во една пригода Рале за плановите со Ана изјави:
„Најверојатно со Ана ќе се венчаме на Видовден (28 јуни), а за меден месец не сме разговарале сè уште.
Не знаеме дали ќе биде голема свадба со многу гости. Јас сакам, таа не сака, но најверојатно на крајот и таа ќе посака“.
Во друга пригода Рале за Ана изјави:
„Таа е предуховита жена, а мене тоа ме привлекува. Пред сè ме заведе со мозокот, со неа е секогаш забавно“.