„Што е со тебе жено? Раста за сиромашни“ - Ана Николиќ критикувана поради изборот на партнер
Инаку, Рале бил водич на хеви метал бендот „Метро“, а сега е композитор, аранжер и продуцент на многу личности од српската естрада.
Тој досега бил поврзуван со повеќе дами од јавната сцена во Србија.
Бил во врска и со пејачката Индира Радиќ и тоа врска која наводно ја започнал додека уште бил во брак.
Заедно работеле на нејзиниот албум „Змај“ и пејачката наводно исплаќала негови долгови.
Повеќето фанови на Ана не се среќни поради нејзиниот избор на партнер, а на фотографиите кај неа на Инстаграм коментираат:
„Што е со тебе жено? Со овие кло*ари до себе се држиш така ниско“.
„Навистина не знам што виде во него“.
„Раста за сиромашни“.
„Ах овој народ, оставете ја жената да избере маж каков што ѝ прилега на неа. Сè полудело!“
„Луѓе, не бидете злобни. Важна е љубовта меѓу нив, а не како изгледа. Љубовта е двигател, а Ана не изгледала никогаш подобро“.
Aна со ќерката Тара, што ја доби од бракот со Раста
Прочитајте и Ѝ фали заб, има лузна на лицето: Ана Николиќ ги загрижи фановите со изгледот и однесувањето
С. С. | Црнобело