Едина Муса и Александар Димитровски Мачка прават свадба вечерва - Хана и Дарен дотерани за кај тато
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
Парот, кој го очекува своето прво заедничко дете вечерва ќе стапи во брак, а децата на Мачка, Хана и Дарен, веќе се подготвени за свадбата на тато.
Кошаркарката Едина Муса во месец септември објави дека е бремена со фотографија на која го гали своето трудничко стомаче, а вечерва (29.11) ќе стапи во брак со Александар Димитровски Мачка.
Ова ќе биде прво дете за Едина, а трето за Maчка.
Поранешниот кошаркар ги има ќерката Хана и синот Дарен од бракот со Тамара Тодевска.
Тамара сподели фотографија од Хана и Дарен и напиша дека тие се подготвени за кај тато на свадба.
Едина, пак, објави фотографии од процесот на правење на шминката и фризурата за свадбата.
Свадбата ќе биде во ресторанот Рагуза, а за шминката е задолжен Арменд Рамадани.
Таа постојано објавува фотографии од бременоста и едноставно блеска, па и вечерва сигурно ќе мине во ист стил.
Прочитајте и Едина Муса вежба со тежина: „Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест“
С. С. | Црнобело