Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската
- Детали
- понеделник, 21 октомври 2024
Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабунов, а иако ретко, тие знаат да споделат по некоја заедничка фотка од нивните патувања или моменти за славење, како магистрирањето на неговата девојка.
Александар Тарабунов не сака многу да ја прикажува својата приватност на социјалните мрежи, па така не споделува и премногу детали околу врската со саканата Калина Поленак.
Сепак, на Инстаграм Стори понекогаш знае да објави по некоја фотка од нив или од некој заеднички оброк.
Минатиот март, заедно со саканата беа на патување во Рим, по повод нејзиниот роденден, од каде објави заеднички фотки, но и од неа како дува свеќички во ресторан.
Оваа година пак, тој го честиташе роденденот на својата партнерка со фотка на која двајцата се свечено облечени во црно и напиша: „Среќен роденден моја Калина“.
Инаку, Калина е магистриран правник, која според социјалните мрежи, стажира во правна фирма, а во јули 2023, на својот Фејсбук профил таа објави фотки од магистрирањето, меѓу кои една е со Тарабунов.
Сепак, парот иако е заедно од 2018-та година, не споделува премногу приватни моменти и уживаат во својата љубов настрана од очите на јавноста.
За CRNOBELO.com, Тарабунов накратко кажа: „Супер ни е со Калина, ептен сме си погодени“.
С. С. | Црнобело