Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“
- Детали
- понеделник, 20 мај 2024
Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски вечерва (20.05) слави матура на помалата ќерка Мања.
Мања, помалата ќерка на пејачот и композитор Александар Митевски, е матурантка.
Дека таа слави матура открија преку официјалната Фејсбук фан страница на Дац и Александар.
Таму објавија фотографија на која Александар гордо позира покрај ќерка си пред влезот на локалот каде што се одржува прославата.
„На Мања, помалата ќерка на Александар вечерва славиме матура. Среќна и успешна да е“, пишува на Фејсбук.
За матурата, Мања избра црн фустан со ракавици од тул и црни салонки.
Александар, во свој стил, облече црна маичка во комбинација со црно палто, темни фармерки и патики.
Освен Мања, Александар и неговата сопруга ја имаат и ќерката Ања.
Таа својата матура ја прослави пред пет години, во 2019-та.
https://www.facebook.com/dac.aleksandar/posts/pfbid0fnykJvyM1sTu16rbM6mPvtgK57vSmjwHMagMW6L66ugpERYSkzrxtwuBEoSr65uFl
А. Ј. | Црнобело