Славни и борбени - Самохрани мајки на македонската естрада
- Детали
- сабота, 13 јули 2024
Некои се разведени, а на некои сопругот им починал, но сите се борбени и храбри. Овие познати дами од Македонија се доказ дека мајчинството не е пречка за успех.
Воспитувањето деца е голем предизвик, а уште потешко е кога еден родител тоа треба да го прави сам.
И меѓу познатите дами во Македонија постојат жени кои на своите деца им се и мајка и татко и се пример за многу самохрани мајки ширум светот.
Иако имаат успешни кариери, овие познати дами успеваат да најдат средина и баланс меѓу својата работа и предизвиците кои ги носи родителството.
Повеќето од нив се разведени, а некои доживеале тргедија и го изгубиле сопругот, но одлично се снаоѓаат во улогата на самохран родител.
Еве дел од популарните дами во Македонија кои се самохрани мајки и се доказ дека мајчинството не е пречка за успех:
Лила Филиповска
Од бракот со Златко Филиповски, познатата водителка Лила Филиповска го има синот Филип.
Лила се развела од Златко уште додека Филип бил многу мал.
Лила и Филип имаат другарски однос и секаде одат зедно.
Маја Саздановска
Само 11 месеци по раѓањето на нивната ќерка Срна, почина сопругот на еден од најдобрите женски вокали во земјава, Маја Саздановска.
Маја многупати јавно зборувала за предизвиците со кои се соочува како самохран родител, а во последното нејзино интервју откри дека побарала и стручна помош, сѐ со цел целата ситуација да не остави длабоки лузни врз Срна.
Сузана Турунџиева
Од првиот брак со пливачот Александар Маленко, водителката и пејачка Сузана Турунџиева ја има ќерката Лора.
Многупати јавно има истакнато дека по разводот не добивала никаква поддршка, ни помош од Маленко при растењето на Лора.
Лора на социјалните мрежи е потпишана со моминското презиме на својата мајка.
Пред 8 години ненадејно починал нејзиниот втор сопруг, Марјан Јовановиќ, со кој ја има ќерката Матеа.
Матеа имала само 4 години кога го изгубила својот татко.