На гости кај Симона: Стан на Македонка во мало, германско гратче покрај Боденското Езеро (фото)

„Животниот пат со сопругот нè донесе во Германија. Живееме во помал град, на границата со Швајцарија и Австрија, кој излегува и на најголемото природно езеро во државата. Кон крајот на летото 2024-та се преселивме во нов стан“, ја започнува приказната за уредувањето на домот Симона од Самоков (Македонски Брод) за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-simona-stan-na-makedonka-vo-malo-germansko-gratche-pokraj-bodenskoto-ezero-foto-01_copy.jpg

Симона потекнува од Порече, за неа најубавиот крај во нашата Македонија и место каде што владее природата, зеленилото и чистиот воздух.

Има дипломирано на Филозофскиот факултет, а пред 8 години заедно со сопругот се преселила во Германија.

Со семејството, односно со сопругот и двете еца Иан и Јана, живее во еден помал град, кој лежи на крајбрежјето на Боденско Езеро во јужна Германија.

Моментално не работи и е посветена на мајчинството и на исполнувањето на обврските кои тоа ги носи, за што, се разбира, голема помош има од сопругот.

За уредувањето на нејзиниот дом Симона споделува за CRNOBELO.com:

„Љубител сум на убаво уреден простор и амбиент отсекогаш.

na-gosti-kaj-simona-stan-na-makedonka-vo-malo-germansko-gratche-pokraj-bodenskoto-ezero-foto-03.jpeg

За уредувањето на домот денес навистина имаме од каде да црпиме идеи и инспирација.

na-gosti-kaj-simona-stan-na-makedonka-vo-malo-germansko-gratche-pokraj-bodenskoto-ezero-foto-14.jpg

По студиите, животниот пат нè донесе во Германија. Живееме во помал град, на границата со Швајцарија и Австрија, кој излегува и на најголемото природно езеро во државата.

Мирно, чисто и навистина спокојно место.

na-gosti-kaj-simona-stan-na-makedonka-vo-malo-germansko-gratche-pokraj-bodenskoto-ezero-foto-25.jpg

Кон крајот на летото 2024-та се преселивме во нов стан.

na-gosti-kaj-simona-stan-na-makedonka-vo-malo-germansko-gratche-pokraj-bodenskoto-ezero-foto-03.jpg

Одлучувачки момент да се преселиме во поголем и празен стан беше доаѓањето на новиот член во семејството – ќерката Јана. Ни требаше поголем простор.

na-gosti-kaj-simona-stan-na-makedonka-vo-malo-germansko-gratche-pokraj-bodenskoto-ezero-foto-24.jpg

Беше малку напорно, бидејќи сè дојде наеднаш и во краток временски рок, но се постигна.

Иако трудна, гордо ќе се пофалам дека со љубов и радост активно учествував во преселбата.

na-gosti-kaj-simona-stan-na-makedonka-vo-malo-germansko-gratche-pokraj-bodenskoto-ezero-foto-18.jpg

Станот беше комплетно празен. Го опремивме по наша желба, вкус и договор, се разбира.

na-gosti-kaj-simona-stan-na-makedonka-vo-malo-germansko-gratche-pokraj-bodenskoto-ezero-foto-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg