На гости кај Мартин и Маринела: Семејна куќа во Ново Село со празнично украсенa терасa (фото)

„Во дневната соба фокусот е на декоративниот панел, а терасата секоја година ни е празнично накитена. Во процесот се вклучени и моите родители и китиме 5 дена“, вели Мартин Стојанов (29).

na-gosti-kaj-martin-i-marinela-semejna-kukja-vo-novo-selo-so-praznichno-ukrasena-terasa-foto-01.jpg

Мартин Стојанов (29) работи како возач на камион и е татко на две прекрасни дечиња на возраст од 5 и 1 година.

Со сопругата Маринела живее во куќа во Штип, населба Ново Село. Куќата е со вкупна површина од 150m2, од кои катот на кој живеат е 75m2.

Домот на Мартин има тераса со убаво одбрани детали, но тоа што воодушевува најмногу е погледот кон клисурата на реката Брегалница.

Таа во празничниот период секогаш е како сцена од празнична бајка.

За уредувањето на домот Мартин споделува за CRNOBELO.com:

„Најпрво кога сме кај катот на кој живееме со сопругата, поточно во нашата дневна соба застапена е крем бојата, сивата и белата боја.

na-gosti-kaj-martin-i-marinela-semejna-kukja-vo-novo-selo-so-praznichno-ukrasena-terasa-foto-02.jpeg

Столиците и петоседот се изработени од иста боја и материјал, додека ѕидот e со комбинација на декоративен панел и со мермерни нијанси.

na-gosti-kaj-martin-semejna-kukja-vo-novo-selo-so-praznichno-ukraseni-terasi-foto-10.jpg

na-gosti-kaj-martin-semejna-kukja-vo-novo-selo-so-praznichno-ukraseni-terasi-foto-12.jpg

Идејата за сето уредување е, како и секогаш, со помош на мојата сопруга Маринела.

na-gosti-kaj-martin-semejna-kukja-vo-novo-selo-so-praznichno-ukraseni-terasi-foto-11.jpg

na-gosti-kaj-martin-semejna-kukja-vo-novo-selo-so-praznichno-ukraseni-terasi-foto-13.jpg

Што се однесува до нашата тераса во која е вложено многу материјал и труд, тука ги вклучуваме и моите родители кои помагаат за декорирање.

na-gosti-kaj-martin-semejna-kukja-vo-novo-selo-so-praznichno-ukraseni-terasi-foto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg