Почина „жената-мачка“ која си го уништи лицето со пластични операции: „Беше здрава, се подготвувавме за Нова година“
- Детали
- четврток, 02 јануари 2025
„Кога се разбудив, пробав да ја разбудам и неа, но таа веќе беше студена. Навистина е тажно да се подготвуваш со партнерот да ја дочекаш Нова година, а да го најдеш мртов“, вели свршеникот на „жената-мачка“ која се прослави со пластичните операции кои ѝ го уништија лицето.
Џослин Вилденстин, позната по драстичната трансфoрмациjа од пластични операции, почина на 84-годишна ввозраст.
Таа починала во вторникот, додека спиела, наводно од пулмонален емболизам, иако нејзиниот свршеник тврди дека била во добра здравствена состојба.
Според него, тие се подготвувале да ја слават Нова година во Париз, кога Џoслин легнала да одмори малку, но не се разбудила.
„Почина додека спиеше, мирно. Тажно е. Навистина е тажно да се подготвуваш со партнерот да ја дочекаш Нова година, а да го најдеш мртов.
Претходно бевме на убава забава и само што се подготвувавме за Нова година. Легнавме малку да одмориме пред да се подготвиме за новогодишната ноќ.
Кога се разбудив, пробав да ја разбудам и неа, но таа веќе беше студена“, открива нејзиниот свршеник Лојд Клејн.
Тој додава дека иако Џослин имала проблем со вените во нозете, сепак здравјето ѝ било добро во периодот пред Нова година.
„Бевме во хотелот Ritz пред два дена. Претходно, бевме на модна ревија на Chanel. Сè беше добро.
Таа беше добра. Џoслин беше во одлична форма, со совршено здравје“.
Лојд истакнува и дека периодов Џoслин имала неколку појавувања на телевизија, а целиот декември го поминале одејќи по настани и ништо не ја навестувало нејзината смрт.
Последен пат, Џослин беше забележана во јавност на 18-ти декември во Париз, во друштво на свршеникот.
На папрацо фотките и двајцата се насмеани, додека Џoслин изгледа добро.
Џoслин и свршеникот беа заедно од раните 2000-ти, а претходно, таа беше во брак со милијардер.
Се разведоа поради неговите наводни афери, а по разводот Џослин стана една од најбогатите жени во светот – од поранешниот сопруг доби две милијарди долари, а и годишно добиваше по неколку милиони, како алиментација.
Џослин почна да го менува ликот со пластични операции на почетокот од врската со милијардерот, а додека да се разведат, веќе беше непорепознатлива.
Сепак, самата тврдеше дека немала направено ниту една операција на лицето.
Поради скапите операции, но и неконтролираното трошење на скапа облека, накит и уметнички дела, Џослин успеа да ги потроши милијардите од бившиот сопруг и скоро целиот живот имаше финансиски проблеми.
Почна да се гледа со свршеникот Лојд Клејн во 2003 година, а врската им беше ништо помалку од бурна.
Во 2016-та, Џослин беше уапсена бидејќи го нападнала Лојд со ножици.
Но, откако беше ослободена, повторно се смирија и оттогаш беа заедно сè до нејзината ненадејна смрт.
Погледнете и: „Најпластичната жена на светот“ тврди дека е природна: „Немам направено операции, не сакам ни ботокс“
Спирова С. | Црнобело