„Најпластичната жена на светот“ тврди дека е природна: „Немам направено операции, не сакам ни ботокс“
- Детали
- сабота, 07 декември 2024
„Немам направено пластична операција. Исплашена сум од ризикот“, тврди Џослин Вилденстин која е позната по драстичната трансформација од многуте процедури.
Џослин Вилденстин, нарекувана и „жена-мачка“ или „најпластичната жена во светот“, е најпозната по бројните пластични операции поради кои денес лицето ѝ е деформирано.
Но, и покрај трансформацијата која е преочигледна, 84-годишната Џослин стои на ставот дека нејзиниот изглед е природен.
Неодамна, во изјава за The Sun, Џослин уште еднаш „потврди“ дека нема направено пластични операции.
„Немам направено пластична операција. Исплашена сум од ризиците.
Некогаш резултатите се ужасни“.
Сепак, таа признава дека има ставено ботокс, но само двапати.
„Не сакам ботокс. Секој има различна реакција на него. Јас имам ставено само двапати.
Не знам дали сум алергична, но кога ми го ставија, не поминав најдобро. Резултатот не беше добар. Ми потече целото лице.
Немам ставено филери – некои пријателки ставија и не се задоволни од резултатот“.
Џослин постојано негира дека направила каква било операција, а во една пригода изјави и дека отсекогаш личела на Брижит Бардо.
Таа почна да се прославува откако се венча со Алек Вилденстин – колекционер на уметнички дела, но и богат наследник од Франција.
Парот се венча во 1978 година во Лас Вегас и добија и две деца.
А, сопругот навистина ја разгалувал и во еден период Џослин трошела и по еден милион долари месечно.
Според некои извори, сакала да личи на мачка бидејќи сопругот ги обожавал животните, па и затоа почнала со екстремната трансформација.
Но, во 1990-тите, таа и Алек се разделија, а Џослин зачести со операциите.
Од разводот во 1999-та, таа доби над 2 милијарди долари, а бившиот требаше да ѝ исплаќа и 100 милиони годишно во наредните 13 години.
Сепак, според некои извори, Џослин успеала да ги потроши сите пари и сега се соочува со финансиски проблеми.