„Упс, нова сум во ова“ – Како Парис Хилтон одговара на критиките дека не е добра мајка?

Во една епизода од реалното шоу, таа призна дека 1 месец по раѓањето на синот уште не му сменила пелена, а неодамна ја обвинија за безбедноста на децата, заради погрешно поставено елече за заштита во вода, како и за обратна насока на седење во автомобил - како Парис Хилтон одговара на критиките и коментарите? 

ups-nova-sum-vo-ova-kako-paris-hilton-odgovara-na-kritikite-deka-ne-e-dobra-majka-1.jpg

Во јануари 2023, Парис Хилтон и сопругот Картер Реум го добија нивното прво дете од сурогат мајка, синот Феникс, а во ноември истата година се роди нивната ќерка Лондон, исто така со помош на сурогат мајка.

Парис се соочуваше со многу невкусни коментари за изгледот на нејзиниот син, па затоа реши да избегнува да го покажува ликот на нејзината ќерка.

Прочитајте повеќе: „Моето ангелче е здраво, само има голем мозок“ – Парис Хилтон гневна за грдите коментари за изгледот на нејзиното бебе

Но, освен тоа, таа често добива многу критики во однос на нејзиното мајчинство, како и за безбедноста на децата со нејзините последни постапки.

За почеток, во нејзиното реално шоу, имаше сцена во која таа пред нејзината сестра и дадилка признава дека уште нема сменето пелена на синот 1 месец откако тој се родил.

ups-nova-sum-vo-ova-kako-paris-hilton-odgovara-na-kritikite-deka-ne-e-dobra-majka-04.jpg

По големиот број критики, кажа дека наводно тоа било шега, а нејзината мајка застана во нејзина одбрана, со изјава:

„Кога се роди Парис, мајка ми дојде и ми помагаше 3 недели. Првиот пат кога ја ставив во седиште за во автомобил се чувствував како да ќе ја скршам.

Но сега, навистина е посебно чувството кога ќе го видиш твоето бебе со свои бебиња.

На почетокот, кога ја учев Парис на некои мајчински работи, заборавив да ја ставам пелената врз интимниот дел на Феникс додека беше гол, па ја измочка, а таа зачудено ме праша зошто не сум ја предупредила на тоа.

Така што, и таа уште учи малку по малку. Знам дека ќе биде одлична мајка“.

Во истото реално шоу беше прикажана и сцена со терапевтот на Парис, кој ѝ вели дека ѝ дава премногу привилегии на дадилката, и дека таа самата е мајка на детето која треба да знае што е најдобро за него, па дека така и треба да се однесува.

ups-nova-sum-vo-ova-kako-paris-hilton-odgovara-na-kritikite-deka-ne-e-dobra-majka-05.jpg

Сега пак, најновите критиките кои фановите ги упатуваат кон Парис како мајка, се заради нивната загриженост за безбедноста на нејзините деца, откако таа сподели неколку видеа на социјалните мрежи.

Таа неодамна објави видео од возило, во кое нејзините две деца се седнати во седишта за автомобил кои се свртени нанапред, наместо наназад според правилата за безбедност за деца на нивна возраст.

ups-nova-sum-vo-ova-kako-paris-hilton-odgovara-na-kritikite-deka-ne-e-dobra-majka-03.jpg

„Те молам ангажирај некој што ќе ги намести седиштата правилно / Прочитај го повторно упатството, погрешно ти се поставени децата, за нивна безбедност“ – гласеа дел од коментарите.

Потоа таа објави ново видео во кое децата се свртени со седиштата наназад и напиша: „Благодарам за мајчинскиот совет, нова сум во ова...“

@parishilton

Thanks for the mom advice, I'm new to this☺️ The #CutesieCrew is now ready for take off in the #SlivingMom van. ✨🚐👶🏼👶🏼💕

♬ Little Things - Adrian Berenguer

Помеѓу најновите видеа на нејзиниот ТикТок профил, се најде едно од забавен парк на вода, каде таа скока во базен со нејзиниот син.

Но, елечето за заштита во вода на детето е поставено обратно, а голем број фанови ѝ посочија на грешката.

@parishilton

Adventures with Baby P 🐠

♬ original sound - ParisHilton

„Мајка, елечето е поставено обратно / Многу забавно, но елечето е обратно поставено / Заштитното елече треба да биде од другата страна“.

ups-nova-sum-vo-ova-kako-paris-hilton-odgovara-na-kritikite-deka-ne-e-dobra-majka-02.jpg

Таа се заблагодари на коментарите и одговори:

„Упс, благодарам! Никогаш не го испуштам од раце. И јас мислев дека треба да биде од назад, но продавачот ми кажа дека е од напред. Но сега ќе знам“.

Сепак, освен оние кои само ја критикуваат, има и многу кои ја фалат дека е одлична мајка, а други пак, наоѓаат утеха во тоа дека сите прават некои почетнички грешки, па дури и познатите личности.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg